Bosch PSR Select MicroUSB (0603977021) [162/272] Сервисирање

Bosch PSR Select MicroUSB (0603977021) [162/272] Сервисирање
162 | Македонски
со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте
дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата
може да предизвика иритација или изгореници.
u Не употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или
изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат
непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од
повреда.
u Не го изложувајте сетот на батерии или алатот на оган или висока
температура. Изложувањето на оган или на температура повисока
од 130°C може да предизвика експлозија.
u Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на
батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во
упатствата. Неправилното полнење или на температура надвор од
наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми
опасноста од пожар.
Сервисирање
u Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое
користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува
безбедно одржување на електричниот алат.
u Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката
на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или
овластен сервис.
Безбедносни напомени за одвртувачи
u Држете го електричниот алат за изолираната површина додека
сечете, за прицврстувачот да не дојде во контакт со скриена
жица. Ако прицврстувачите дојдат во допир со „жица под напон“,
може да ги изложат металните делови на електричниот алат „под
напон“ и операторот може да добие струен удар.
u Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете
скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното
претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар.
Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија.
Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување.
1 609 92A 4LW | (24.10.2018) Bosch Power Tools

Содержание

Похожие устройства

Скачать