Bosch Universal Temp 0603683100 Инструкция по эксплуатации онлайн [270/371] 671210

Bosch Universal Temp 0603683100 Инструкция по эксплуатации онлайн [270/371] 671210
270 | Македонски
оштетувајте налепниците за предупредување. ДОБРО ЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ
УПАТСТВА И ПРЕДАДЕТЕ ГИ ЗАЕДНО СО МЕРНИОТ УРЕД.
u Внимание – доколку користите други уреди за подесување и ракување
освен овде наведените или поинакви постапки, ова може да доведе до
опасна изложеност на зрачење.
u Мерниот уред се испорачува со налепница за предупредување (означено на
приказот на мерниот уред на графичката страна).
u Доколку текстот на налепницата за предупредување не е на вашиот јазик,
врз него залепете ја налепницата на вашиот јазик пред првата употреба.
Не го насочувајте ласерскиот зрак кон лица или животни и
немојте и Вие самите да гледате во директниот или
рефлектирачкиот ласерски зрак. Така може да ги заслепите
лицата, да предизвикате несреќи или да ги оштетите очите.
u Доколку ласерскиот зрак доспее до очите, веднаш треба да ги затворите и да
ја тргнете главата од ласерскиот зрак.
u Не правете промени на ласерскиот уред.
u Не ги користете ласерските заштитни очила како заштитни очила. Ласерските
заштитни очила служат за подобро распознавање на ласерскиот зрак; сепак, тие
не штитат од ласерското зрачење.
u Не ги користете ласерските заштитни очила како очила за сонце или пак во
сообраќајот. Ласерските заштитни очила не даваат целосна UV-заштита и го
намалуваат препознавањето на бои.
u Мерниот уред смее да се поправа само од страна на квалификуван стручен
персонал и само со оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе бидете
сигурни во безбедноста на мерниот уред.
u Не ги оставајте децата да го користат ласерскиот мерен уред без надзор. Без
надзор, тие може да заслепат други лица.
u Не работете со мерниот уред во околина каде постои опасност од
експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Мерниот уред
создава искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
u Поради технички услови, мерниот уред не може да гарантира стопроцентна
сигурност. Влијанијата на околината (на пр. прашина или пареа во мерното
подрачје), температурни разлики (на пр. поради греалки), како и особините и
состојбата на мерните површини (на пр. високо рефлективни или транспарентни
материјали) може да ги нарушат мерните резултати.
1 609 92A 4RK | (06.03.2019) Bosch Power Tools

Содержание