Bosch GHO 12V-20 (06015A7000) без акк. и з.у [144/206] Опис на производот и моќноста

Bosch GHO 12V-20 Solo 0.601.5A7.000 [144/206] Опис на производот и моќноста
144 | Македонски
1 609 92A 24V | (6.6.17) Bosch Power Tools
Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно
влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за рендање на дрвени
материјали како на пр. греди и даски на цврста подлога.
Тој е погоден за искосување на рабови и за правење
засеци.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Вртливо копче за подесување на длабочината на
рендање
2 Копче за максимизирање на длабочината на рендање
(макс. 2 mm)
3 Блокада при вклучување на прекинувачот за
вклучување/исклучување
4 Прекинувач за вклучување/исклучување
5 Батерија*
6 Копче за отклучување на батеријата (2x)*
7 Сечило за резервниот нож
8 Странична заштита за вратилото на секачот
9 Подлога на рендето
10 Приказ за наполнетоста на б
атеријата
11 Завртка за поклопецот за ременот
12 Поклопец за ременот
13 Исфрлувач на струготини (опционално може да се
вметне десно/лево)
14 Движечка подлога на рендето
15 V-жлеб
16 Рачка (изолирана површина на дршката)
17 HM/TC-секач на рендето
18 клуч со внатрешна шестоаголна глава
19 Глава на секачот
20 Затезен елемент за секачот на рендето
21 Шраф за прицврстување на секачот на рендето (2x)
22 Црево за вшмукување (Ø 35 mm)(Click & Clean)*
23 Вреќичка за прав/струготини*
24 Адаптер за вшмукување (Click & Clean)*
25 Механизам за заклучување*
26 Копче на притискање
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Информации за бучава/вибрации
Вредностите на емисија на бучава одредени во согласност
со EN 60745-2-14.
Нивото на звучниот притисок на уредот, оценето со A,
типично изнесува 79 dB(A). Несигурност K=3 dB.
Нивото на звучниот притисок при работењето може да
пречекори и 80 dB(A).
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a
h
(векторски збор на
трите насоки) и несигурност K дадени се во согласност со
EN 60745-2-14:
a
h
<2,5m/s
2
, K=1,5 m/s
2
.
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е
измерено со нормирана постапка според EN 60745 и
може да се користи за меѓусебна споредба на
електричните апарати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на оптоварувањето со вибрации.
Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на
електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се
користи за други примени, со различна опрема, алатот
Ренде GHO 12V-20
Број на дел/артикл
3 601 EA7 0..
Номинален напон
V= 12
Број на празни вртежи
min
-1
14500
Длабочина на струготината
–оптимално
–максимално
мм
мм
0–1,0
1,0 2,0
Длабочина на засекот мм 0 17
макс.ширина на рендето
мм 56
Тежина согласно EPTA-
Procedure 01:2014 кг 1,7 1,9*
Дозволена температура на
околината
–при полнење
–при работа
**
и при
складирање
°C
°C
0...+45
–20...+50
Препорачани батерии
GBA 12V ...
GBA 10,8V...
Препорачани полначи
GAL 12..
GAL 18..W
AL 11..
* во зависност од употребената батерија
** ограничена јачина при температури <0 °C
При неповолни услови можно е електричниот алат да се исклучи
поради електростатичко празнење. По одново вклучување на
електричниот алат тој работи прописно.
OBJ_BUCH-2967-001.book Page 144 Tuesday, June 6, 2017 10:34 AM

Содержание

Похожие устройства

Скачать