Bosch GWS 18V-10 C (06019G310A) без акк. и з.у [337/473] Лончеста плоча од цврст метал

Bosch GWS 18V-10 C (06019G310A) без акк. и з.у [337/473] Лончеста плоча од цврст метал
Прописно прицврстената
и неоштетена брзозатезна
навртка (14) можете да ја
олабавите со рака. За тоа
отворете го нагоре
држачот на брзозатезната
навртка и свртете ја силно
во правец спротивно на
стрелките на часовникот.
Цврсто затегнатата
брзозатезна навртка
никогаш не ја одвртувајте
со алат, туку употребете
клуч со два отвори.
По монтажата на
приклучната прирабница
и на брусната плоча/
дискот за сечење
слободната должина на
навојот на брусното
вретено треба да изнесува
најмалку 4mm.
Внимавајте на цврсто вклопување на алатот за брусење,
така што нема да се одврти од вретеното на крајот од
електричниот алат.
Во приклучната прирабница (12) околу
венецот за центрирање е ставен пластичен
дел (O-прстен). Доколку недостига O-
прстенот или е оштетен, приклучната
прирабница (12) мора да се замени пред
понатамошна употреба.
u По монтажата на алатот за брусење, пред
вклучувањето, проверете дали тој е точно
монтиран и дали може слободно да се врти.
Проверете дали алатот за брусење не струга на
заштитната хауба или другите делови.
Ламелеста брусна плоча во вид на лепеза
u При работењето со ламелеста брусна плоча
секогаш монтирајте ја заштитата за рацете (20).
Гумен диск за брусење
u При работењето со гумен диск за брусење (21)
секогаш монтирајте ја заштитата за рацете (20).
Редоследот на монтажата може да се види на графичката
карта.
Ставете го гумениот брусен диск (21) на брусното
вретено (19).
Цврсто притиснете го брусниот лист (22) на долната
страна на гумениот брусен диск (21).
Навртете ја тркалезната навртка (23) и затегнете ја со
клуч со два отвори.
Лончеста четка/плочеста четка
u При работењето со лончеста или плочеста четка
секогаш монтирајте ја заштитата за рацете (20).
Редоследот на монтажата може да се види на графичката
карта.
Лончестата/плочестата четка мора да се наврти на
вретеното за брусење додека цврсто не налегне на
прирабницата на вретеното за брусење на крајот на
навојот на вретеното за брусење. Затегнете ја
лончестата/плочеста четка со вилушкаст клуч.
Лончеста плоча од цврст метал
u Употребата на лончеста плоча е дозволена само со
соодветен заштитен капак.
Дозволени алати за брусење
Може да ги користите сите алати за брусење наведени во
ова упатство за употреба.
Дозволениот број на вртежи [мин
-1
] одн. периферната
брзина [m/s] на употребениот алат за брусење мора да
одговара на податоците во следната табела.
Затоа внимавајте на дозволениот број на вртежи одн.
периферната брзина на етикетата на алатот за брусење.
макс. [mm] [mm]
D b d [мин
-1
] [m/s]
100
115
125
150
7
7
7
7
16
22,2
22,2
22,2
9000
9000
9000
7500
80
80
80
80
D
100
115
125
150
9000
9000
9000
7500
80
80
80
80
D
b
d
75 30 M 14 9000 45
D
d
82 M 14 9000 80
Вртење на погонската глава (GWS 18V-10 C)
u Пред било каква интервенција на електричниот
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Македонски | 337
Bosch Power Tools 1 609 92A 4B1 | (09.05.2018)

Содержание

Похожие устройства

Скачать