Bosch UniversalGrassCut 18-260 [351/492] Отстранување грешки

Bosch UniversalGrassCut 18-260 [351/492] Отстранување грешки
Македонски | 351
друга препрека во процесот на полнење, види во делот
„Причини и помош“.
Ракување
u Предупредување: Пред да го склопувате уредот,
исклучете го и извадете му ја батеријата.
u По исклучувањето на безжичниот тример сечилото
продолжува да врти уште неколку секунди.
Почекајте моторот и сечилото потполно да
престанат со работа пред повторно да го вклучите
тримерот.
u Не вклучувајте и исклучувајте го тримерот кратко
повеќепати едноподруго.
u Користете само делови за сечење одобрени од
Бош. При употреба на други елементи, квалитетот
на сечењето може да варира.
Вклучување/исклучување (види слика H)
За вклучување притиснете го прво клучот за вклучување
(9). Потоа притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (8) и држете го притиснат.
За исклучување пуштете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (8).
Косење трева/Косење рабови (види слики I −
K)
Косење трева (види слика I)
Притиснете го копчето (4) и подесете го на агол од 48° за
косење трева.
Движете го тримерот лево-десно и внимавајте при
работата со него да одржувате безбедно растојание меѓу
тримерот и вашето тело. Повисоката трева косете ја на
делови.
Косење рабови (види слика J)
Притиснете го копчето (4) и подесете го на агол од 36° за
косење рабови. Свртете ја рачката за 180° и потоа
свртете го тримерот во насока на стрелките на
часовникот во саканата работна позиција.
Движете го тримерот по работ. При употреба на тркалото,
избегнувајте контакт со цврсти површини и зидови за да
избегнете брзо кинење на конецот.
Косење околу дрва и грмушки (види слика K)
Притиснете го копчето (4) и подесете го на агол од 24° за
косење околу дрва и грмушки.
Косете внимателно околу дрва и грмушки, за да не ги
допрете со конецот. Растенијата можат да се исушат ако
им се оштети кората.
Демонтажа на макарата, мотање на конецот и
монтажа на макарата (види слики L до N)
u Пред замена на макарата извадете ја батеријата.
Притиснете ги истовремено двете јазичиња на капакот за
конец и извадете го капакот за конец (13). Потоа
извадете ја празната макара (14).
Отсечете околу 6 m конец од дополнителната ролна.
Провлечете го крајот на конецот на прифатот за конец
(15) на макарата. Водете го конецот под куката (17)
понатаму. На крајот протнете го конецот низ шлицот (18)
на макарата. Потоа намотајте го конецот рамномерно
затегнато и распоредено.
Пикнете го другиот крај на конецот низ дупчето (19) во
главата на тримерот и повторно ставете ја макарата во
главата на тримерот. Фиксирајте ја макарата со
поставување на капакот за конец (13).
Капакот за конецот (13) може да се монтира само во една
позиција.
Надополнување на конецот
IntelliFEED
Тримерот е опремен со системот ИнтелиФИД, кој
автоматски пушта конец за да го одржи дијаметерот на
косење.
Отстранување грешки
d.c.
Тример за трева/тример за рабови
СимптомМожна причинаПомош
Моторот не се
вклучува
Празна батеријаНаполнете ја батеријата.
Батеријата е премногу топла/ладнаПуштете батеријата да се загрее/олади.
Уредот работи со
прекини
Прекинувачот е расипанОбратете се во Bosch служба за корисници.
Неисправни внатрешни инсталации во уредотОбратете се во Bosch служба за корисници.
Уредот е
преоптоварен
Тревата е превисокаКосете постепено, на нивоа.
Уредот не сечеКонецот е прекраток/прекинатРачно надополнете го конецот за косење.
Празна макараЗаменете ја макарата.
Bosch Power ToolsF 016 L81 803 | (28.02.2019)

Содержание

Похожие устройства

Скачать