Al-Ko GTE 350 Classic (112928) [135/152] Безбедносен кабел

Al-Ko GTE 350 Classic (112928) [135/152] Безбедносен кабел
135
474 397_b
MK
2. Отстранете ги причините за
оптоварувањето.
3. Откако ќе се излади 2 до 3 минути,
повторно вклучете го уредот во струјната
мрежа и продолжете со работа.
Безбедносен прекинувач
Уредот е опремен со безбедносен прекинувач,
па ќе престане да работи ако се испушти од
раце.
Опасност!
Функцијата на безбедносниот прекинувач не
смее да биде исклучена.
Заден капак
Уредот е опремен со заден капак.
Визуелен показател за безбедност
(Слика C, H)
Визуелниот показател за безбедност го
прикажува фиксирањето на работното
вратило. Доколку е означено со зелено, (5 mm)
работното вратило е правилно фиксирано.
Склопување
Склопете го уредот според сликите лики A,
B).
Внимание!
Уредот смее да се употребува само откако
целосно ќе се склопи.
Пуштање во употреба
Внимание!
Секогаш вршете визуелна контрола пред
почнувањето со работа. Уредот не смее да
се употребува ако неговите сечила и/или
прицврстени делови се лабави, оштетени
или изабени.
Придржувајте се до законските прописи во
Вашата земја
Придржувајте се секогаш до упатството за
употреба од добавувачот на моторот
Безбедносен кабел
Употребувајте само гумен кабел со
квалитет H05RN-F според DIN/VDE 0282
со попречен пресек од 3 x 1,5 mm².
Типот на кабелот мора да биде обележан
на самиот кабел. Приклучоците и спојките
мора да бидат изработени од гума или
обложени со гума според DIN/VDE 0620.
Употребувајте само безбедносен кабел со
соодветна должина.
Кабелот, спојката и приклучокот мора да
бидат водоотпорни.
Заменете го оштетениот резервоар или
капачето за него
Поправките на кабелот, приклучокот
или спојката можат да се вршат само
преку специјализирани фирми. Кабел со
дефект (на пр. пукната, исечена, скршена
или свиткана изолација) не смее да се
употребува.
Заштитете ги приклучоците од влага.
Опасност!
Не оштетувајте го и не сечете го кабелот.
Во случај на оштетување, веднаш извадете
го од струјната мрежа.
Електрични барања
Наизменична струја од 230 V/50 Hz
Минимален попречен пресек
Кабел = 1,5 mm²
Минимална јачина на мрежна врска = 10 A
Струен прекинувач (FI)
Максимална струја = 30 mA.
Мрежно поврзување
1. Делот за приклучување на кабелот
стегнете го со безбедносното копче.
2. Направете јамка со кабелот и обесете
ја на делот за заштита од истегнување.
Јамката нека биде доволно долга за
кабелот да може слободно да се ниша од
страна до страна.
Опасност!
Не приклучувајте го уредот во приклучок кој
нема осигурувачи.

Содержание

Похожие устройства

Скачать