Bosch IXO Collection - динамометрическая насадка [158/256] Безбедносни напомени за одвртувачи зашрафувачи

Bosch IXO Collection - динамометрическая насадка [158/256] Безбедносни напомени за одвртувачи зашрафувачи
1 609 92A 0P4 | (19.8.14) Bosch Power Tools
158 | Македонски
Сервис
Поправката на Вашиот електричен апарат смее да биде извршена
само од страна на квалификуван стручен персонал и само со
користење на оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе
бидете сигурни во безбедноста на електричниот апарат.
Безбедносни напомени за одвртувачи/зашрафувачи
Држете го уредот за изолираните површини на рачките, доколку
вршите работи каде алатот што се вметнува или шрафот може да
наиде на скриени електрични кабли. Контактот на шрафот со
струјниот кабел може металните делови на уредот да ги стави под
напон и да доведе до електричен удар.
Цврсто држете го електричниот апарат. При зацврстување и
одвртување на шрафови може да настанат краткотрајни високи
реактивни моменти.
Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите
со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се
обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака.
Почекајте додека електричниот апарат сосема не прекине со
работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може
да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот.
Пред било каква интервенција на електричниот апарат (на пр.
одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и
складирање, прекинувачот за правец на вртење ставете го во
средна позиција. При невнимателно ракување со прекинувачот за
вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
Заштитете го електричниот апарат од топлина, на пр. од
долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, вода и
влага. Постои опасност од експлозија.
Доколку се оштети батеријата или не се користи правилно, од неа
може да излезе пареа. Внесете свеж воздух и доколку има
повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни
дишните патишта.
OBJ_DOKU-27183-005.fm Page 158 Tuesday, August 19, 2014 11:12 AM

Содержание

Похожие устройства

Скачать