Gorenje NutriPower BN1000W [13/44] Внимание

Gorenje NutriPower BN1000W [13/44] Внимание
13
Внимание: Апаратот е
наменет исклучиво за
лична употреба во
домаќинството.
Не користете помошни или
резервни делови од други
производители, освен доколку не
се изречно препорачани од страна
на Горење. Во случај на користење
такви помошни или резервни
делови, гаранцијата не важи.
Пред да го вклучите апаратот,
проверете дали сите компоненти се
правилно наместени.
Моторот мора да биде сув во текот
на работењето на апаратот.
Кога во садот има вода, апаратот
не треба да се користи подолго од
една минута.Кога мелете суви
состојки, максималното време на
работа е 30 секунди. Доколку
моторот престане да работи,
исклучете го апаратот од струја и
оставете го да се олади пред
повторно да го вклучите (најмалку
еден час). Апаратот не е наменет
за употреба на отворено.
Внимание: некои семки и
коски може да испуштаат
цијанид кога ќе се внесат во
организмот. Пред употреба,
секогаш отстранувајте ги
коските и семките од
јаболката, сливите, праските,
црешите и кајсиите!
Овој апарат е означен во согласност со
Европската директива 2012/19/EC за Отпад
од електрична и електронска опрема
WEEE. Во Директивата се наведени
обврските за собирање и управување со
отпад од електрична и електронска опрема
кои се на сила во целата Европска Унија.
Подготовка за употреба на
апаратот:
1. Отстранете ја амбалажата.
2. Исчистете го апаратот како што е објаснето
во делот „Чистење.
Употреба на апаратот:
Пред да почнете да правите сок, темелно
измијте ги сите состојки. Исечкајте ги
состојките на поситни парчиња.
Отстранете ги сите цврсти семки или коски.
NutriMix:
Додајте ги состојките и
течноста по ваш избор во
големиот (1) или во малиот (6)
сад, така што ќе ги наполните
до ознаката MAX.
Прикачете го сечилото
NutriBlade (2) така што ќе го
навртите на садот. Проверете
дали сечилото е цврсто
прикачено/навртено.
Суво мелење:
Ставете ги состојките во
малиот сад (6). Тежината на
состојките за суво мелење не
треба да надмине 120 g.
Прикачете го сечилото за суво
мелење (7) така што ќе го
навртите на садот. Проверете
дали сечилото е цврсто прикачено/навртено.
Ставете го садот со
сечилото на моторот.
На самиот дел во кој е
моторот има сигурносен
прекинувач. Доколку садот
не е правилно наместен на
моторот, апаратот нема да
работи.
Приклучете го апаратот на
струја.

Содержание

Похожие устройства

Скачать