Bosch UniversalDistance 50 [360/484] Бришење на измерените вредности

Bosch UniversalDistance 50 [360/484] Бришење на измерените вредности
360 | Македонски
1 609 92A 4RG | (15.11.2018) Bosch Power Tools
Утврдете површина како што е опишано во делот „Мерење на површина“ (види
„Мерење на површини“, Страница356).
143.45 m
2
2
+93.406
m50.039
0.0°
m
2
Притиснете на копчето (3) [+]. Пресметаната површина и ознаката
„+“ ќе се прикажат.
Притиснете го мерното копче (2) [ ], за да стартувате друго
мерење на површината. Утврдете ја површината како што е опишано
во делот „Мерење на површина“ (види „Мерење на површини“,
Страница356). Штом ќе заврши второто мерење, долу на екранот
ќе се прикаже резултатот од второто мерење на површини. За да го прикажете
крајниот резултат, притиснете одново на мерното копче (2) [ ].
Напомена: При мерење на должини веднаш се прикажува крајниот резултат.
За да излезете од функцијата на собирање притиснете на копчето (7) [Func].
Одземање на вредности
За одземање на вредности притиснете на копчето (8) []. Понатамошната постапка
е слична на „Додавање на вредности“.
Бришење на измерените вредности
Со кратко притискање на копчето за вклучување-исклучување (5) [ ] можете да ги
избришете последно добиените поединечни измерени вредности во сите мерни
функции. Со повеќекратно притискање на копчето за вклучување-исклучување (5)
[ ] ќе се избришат измерените вредности по обратен редослед.
Менување на мерната единица
Основната поставка е мерната единица „m“ (метар).
Вклучете го мерниот уред.
Држете го притиснато копчето (7) [Func], за да влезете во менито „Основни
поставки“. Изберете „ft/m“.
Притиснете го копчето (3) [+] или копчето (8) [], за да ја промените мерната
единица.
За да излезете од точката на менито, притиснете на копчето за вклучување-
исклучување (5) [ ]. По исклучување на мерниот уред, избраната поставка
останува зачувана.
Вклучување/исклучување на тонот
Во основната поставка тонот е исклучен.
Вклучете го мерниот уред.

Содержание

Скачать