Gorenje MO20E1WH [42/140] Page 42

Gorenje MO20E1WH [42/140] Page 42
42
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ако вратата или дихтувачите за вратата
се оштетени, апаратот не смеете да го употребувате, додека
не го поправи стручно лице.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Секоја поправка или сервис изведена
од кој било друг освен од овластен сервисер и при
која е потребно да се отстрани покривот за заштита од
микробрановите зраци е опасна и ризична.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Течностите и другата храна не
загревајте ги во затворени, односно во покриени садови
или, пак, во затворена амбалажа, бидејќи истите може да
експлодираат.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Децата може да го употребуват
апаратот и без надзор од возрасните само во случај доколку
им дадете соодветни упатства, за да можат безбедно да ја
употребуваат печката и да бидат свесни за опасностите што
произлегуваат од несоодвотното ракување.
не отстранувајте ги нозете на печката и не покривајте ги
отворите за венталиција.
Употребувајте ги помагалата (помошните средатва),
соодветно за употреба во микробанова печка.
Кога загревате храна во пластична или во хартиена
амбалажа, односно чинија, надгледувајте го процесот на
загревање поради опасноста таквата амбалажа, т.е. сад, да
се запали.
Ако забележите чад, апаратот исклучете го од електричната
мрежа, а вратата оставете ја затворена, за да го изгаснете
можниот оган.
Кога во микробрановата печка загревате пијалак, по некое
време може пијалокот да зоврие и да претече, па затоа во
таков случај однесувајте се особено внимателно.
За да не дојде до изгореници, пред употребата промешајте
ја или протресете ја содржината на шишенцето за доенчиња
или шишенцата со храна за доенчиња и проверете ја
температурата на содржината.

Содержание