Gorenje MO20A3BH [139/142] Грижа за вашата микробранова печка

Gorenje MO20A3BH [139/142] Грижа за вашата микробранова печка
1.
Исклучете ја печката и извадете го приклучокот за
струја од ѕидниот штекер пред да ја чистите.
2.
Одржувајте ја внатрешноста чиста. Ако на ѕидовите се
налепат остатоци од храна и течност, избришете ги со
влажна крпа. Не се препорачува употреба на остар
детергент или абразивни средства.
3.
Надворешната површина треба да се чисти со влажна
крпа. За да се спречи оштетување на работните делови
во печката, не треба да се дозволи навлегување на
вода во отворите за вентилација.
4.
Не дозволувајте контролниот панел да се навлажни. Чистете
со мека, влажна крпа. Не користете детергенти, абразиви
или средства што се прскаат на панелот.
5.
Ако се насобере пареа внатре или околу надворешната
страна на вратата, избришете ја со мека крпа. Ова може
да се случи кога микробрановата печка работи во услови
на висока влажност и во никој с
лучај не значи
неисправност на апаратот.
6.
Повремено е потребно да се извади стаклената чинија
за да се исчисти. Измијте ја чинијата во топла вода со
пена или во машина за миење садови.
7.
Ротирачкиот обрач и долниот дел од внатрешноста на
печката треба редовно да се чистат за да се избегне
прекумерна бучава. Едноставно избришете ја долната
површина со благ детергент, вода или средство за
прозорци и исушете ја. Ротирачкиот обрач се мие во
благ раствор од пена и вода или во машина за садови.
Од готвењето се насобира пареа при повеќе употреби,
но тоа не ги засега долната површина или тркалцата
од ротирачкиот обрач. При вадење на обрачот заради
чистење, вратете го во исправната положба.
8.
Отстранете ги мирисите со комбинирање на шолја вода
со сок и кора од еден лимон во длабок сад за
микробранова печка. Загрејте го растворот во печката 5
минути, темелно избришете и исушете со мека крпа.
На крајот од векот на траење, не фрлајте го апаратот заедно
со вообичаен отпад од домаќинство, туку предадете го на
официјално собирно место за рециклирање. Со тоа
помагате да се зачува животната средина.
ЖИВОТНА СРЕДИНА
ГРИЖА ЗА ВАШАТА МИКРОБРАНОВА ПЕЧКА
139

Содержание

Похожие устройства