Gorenje MO20A3BH [140/142] Монтирање на микробрановата печка

Gorenje MO20A3BH [140/142] Монтирање на микробрановата печка
1.
Проверете дали сета опаковка е отстранета од
внатрешната страна на вратата.
2.
По отпакувањето, визуелно проверете ја печката
за оштетувања како на пр.:
Изместена врата
Оштетена врата
Вдлабнатини или дупки на прозорецот и екранот
Вдлабнатини во внатрешноста
Ако се гледа нешто од ова, НЕ користете ја печката.
3. Оваа микробранова печка тежи 10,3 kg и мора да биде
поставена на хоризонтална површина што е
доволно цврста да ја издржи оваа тежина.
4.
Печката мора да се постави подалеку од висока
температура и пареа.
5.
НЕ ставајте ништо врз печката.
6.
Чувајте ја печката најмалку 20 cm подалеку од двата
странични ѕида и 30 cm од горниот ѕид за да се
обезбеди правилна вентилација.
7.
НЕ вадете ја погонската спојка на ротирачката чинија.
8.
Како и кај секој апарат, неопходен е буден надзор кога
печката ја користат деца.
9.
Проверете дали штекерот за наизменична струја е лесно
достапен за приклучокот бргу да се извади во итен случај.
Инаку, треба да биде можно уредот да се исклучи со помош на
прекинувач од колото. Во ваков случај, се земаат предвид
постојните одредби од стандардите за електрична безбедност.
Производот треба правилно да се инсталира на заземјен
штекер со еднофазна наизменична струја (230 V/50 Hz).
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОВОЈ АПАРАТ МОРА ДА БИДЕ
ЗАЗЕМЈЕН!
10.
За оваа печка потребен е влез од 1,3 kVA, се предлага
консултација со сервисен инженер при нејзино
инсталирање.
ВНИМАНИЕ: Оваа печка е внатрешно заштитена со
осигурувач од 250V, 8 ампери.
ИНСТАЛАЦИЈА
МОНТИРАЊЕ НА МИКРОБРАНОВАТА ПЕЧКА
140

Содержание

Похожие устройства