Bosch PMF 250 CES 0.603.102.120 [84/136] Опис на производот и моќноста

Bosch PMF 250 CES 0.603.102.120 [84/136] Опис на производот и моќноста
84 | Македонски
1 609 92A 1G3 | (20.1.16) Bosch Power Tools
Дланките држете ги подалеку од полето на работа со
убодна пила. Не посегајте под делот што се
обработува. Доколку дојдете во контакт со листовите
за пила постои опасност од повреда.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги
пронајдете скриените електрични кабли или консул-
тирајте се со локалното претпријатие за снабдување
со електрична енергија. Контактот со електрични кабли
може да доведе до пожар и електричен удар. Оштету-
вањето на гасоводот може да доведе до експлозија.
Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува
оштетување или може да предизвика електричен удар.
При работата, држете го електричниот апарат
цврсто со двете дланки и застанете во сигурна
положба. Со електричниот апарат посигурно ќе
управувате ако го држите со двете дланки.
Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
При менувањето на алатот што се вметнува носете
заштитни ракавици. Алатот што се вметнува се
вжештува по долготрајна употреба.
Не стругајте влажни материјали (на пр. тапети) и не
стругајте на влажна подлога. Навлегувањето на вода
во електричниот апарат го зголемува ризикот од
електричен удар.
Површината што треба да ја обработите не ја
третирајте со течности што содржат раствор. При
стругањето доаѓа до затоплување на материјалите и
може да се создадат отровни пареи.
Бидете особено внимателни при користењето на
стругачот и секачот. Алатките се многу остри, постои
опасност од повреда.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до безбед-
носните напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за сечење и разделување на
дрвени материјали, пластика, гипс, нежелезни метали и еле-
менти за зацврстување (на пр. клинци, хефт иглици). Исто
така е погоден за обработка на меки ѕидни плочки како и за
суво брусење и стругање на мали површини. Тој особено е
погоден за работење близу рабови и на рамни површини.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката страница.
1 AutoClic-лост за деблокирање на алатот
2 Прекинувач за вклучување/исклучување
3 Вртливо копче за претходно бирање на бројот на
осцилации
4 Отвори за вентилација
5 Навртка за дополнителната дршка
6 Прифат на алатот
7 Лист за сечење со вдлабнување*
8 Основна брусна плоча*
9 Брусен лист*
10 Граничник за длабочина*
11 Сегментен лист за сечење*
12 Рачка (изолирана површина на дршката)
13 Црево за вшмукување*
14 Млазници за вшмукување
15 Вшмукувач за прав*
16 Затегнувачки лост на вшмукувачот на прашината
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Информации за бучава/вибрации
Вредностите на емисија на бучава одредени во согласност
со EN 60745-2-4.
Нивото на звук на уредот, оценето со А, типично изнесува:
ниво на звучен притисок 84 dB(A); ниво на звучна јачина
95 dB(A). Несигурност K=3 dB.
Носете заштита за слухот!
Работење без дополнителна дршка
Збирни вредности на вибрации a
h
(Векторски збир на
трите насоки) и несигурност K утврдени во согласност со
EN 60745-2-4:
брусење: a
h
=10m/s
2
, K=1,5 m/s
2
сечење со лист за сечење со вдлабнување: a
h
=13m/s
2
,
K=2m/s
2
сечење со сегментен лист за пила: a
h
=14m/s
2
, K=3 m/s
2
стругање: a
h
=12m/s
2
, K=1,5 m/s
2
.
Мултифункционален алат PMF 250 CES
Број на дел/артикл
3 603 A02 1..
Претходен избор на бројот на
осцилации
Константна електроника
Фин старт
Прифат за алат AutoClic
Номинална јачина
W250
Излезна моќ
W130
Број на празни вртежи n
0
min
-1
1500020000
Агол на осцилација лево/десно
°1,4
Тежина согласно
EPTA-Procedure 01:2014
кг 1,2
Класа на заштита
/II
Податоците важат за номинален напон [U] од 230 волти. Овие
податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност
од изведбата во односната земја.
OBJ_BUCH-2755-002.book Page 84 Wednesday, January 20, 2016 2:16 PM

Содержание

Похожие устройства

Скачать