Bosch PMF 250 CES 0.603.102.120 Инструкция по эксплуатации онлайн [88/136] 822132

Bosch PMF 250 CES 0.603.102.120 Инструкция по эксплуатации онлайн [88/136] 822132
88 | Македонски
1 609 92A 1G3 | (20.1.16) Bosch Power Tools
Монтирање и подесување на граничникот за длабочина
Граничникот на длабочина 10 може да се користи при
работа со сегментни листови за пила.
Доколку треба, изведете го монитираниот алат за
вметнување.
Турнете го граничникот за длабочина 10 до крај и со испи-
шаната страна нагоре над прифатот за алат 6 на страна од
погонската глава на електричниот апарат.
Граничникот за длабочина е предвиден за следните
длабочини на сечење:
Со сегментни листови за сечење ACZ 85 .. со дијаметар
85 мм: длабочина на сечење 8 мм, 10 мм, 12 мм и
14 мм (податоците се на граничникот за длабочина со
големи букви и без загради).
Со сегментни листови за сечење ACZ 100 .. со
дијаметар 100 мм: длабочина на сечење 14 мм, 16 мм,
18 мм и 20 мм (податоците се на граничникот за
длабочина со мали букви и без загради).
Поставете го соодветниот сегментен лист за сечење за
длабочината на резот што сакате да ја постигнете. Турнете
го граничникот за длабочина 10 од прифатот за алат 6 во
правец на алатот што се вметнува, до степен да може да го
вртите слободно. Вртете го граничникот за длабочина 10,
така што саканата длабочина ќе лежи над оној дел од
листот за сечење со кој ќе се сече. Повторно турнете го
граничникот за длабочина 10 до крај на погонската глава
од електричниот апарат.
Извадете го граничникот за длабочина 10 доколку
користите други длабочини на сечење и за работа со други
алати за вметнување. Притоа извадете го алатот што се
вметнува и извадете го граничникот за длабочина од
погонската глава.
Монтирање на дополнителната дршка
(опционална опрема)
Дополнителната рачка за амортизација на вибрации
овозможува пријатна и сигурна работа.
Зашрафете ја дополнителната дршка на десно или на
лево на погонската глава во зависност од начинот на
работа.
Ставање/менување на брусниот лист на основната
брусна плоча
Основната брусна плоча 8 е опремена со велкро лепенка,
така што брусните листови со велкро може брзо и
едноставно да се прицврстат.
Истресете ја велкро лепенката од основната брусна
плоча 8 пред да ја наместите на брусниот лист 9, за да
овозможите оптимално слепување.
Брусниот лист 9 ставете го израмнето на едната страна од
основната брусна плоча 8, поставете го брусниот лист на
основната брусна плоча и притиснете го добро.
За овозможување на оптимално вшмукување на прав,
внимавајте на тоа, отворите на брусниот лист да
одговараат со отворите на основната брусна плоча.
За вадење на брусниот лист 9 фатете го за врвот и
извлечете го од основната брусна плоча 8.
Може да ги користите брусните листови, крзна за
полирање и чистење од серијата Delta 93 мм од
програмата на опрема од Bosch.
Опремата за брусење како крзна/филц за полирање не
се зацврстува на истиот начин на основната брусна
плоча.
Избор на лист за брусење
Во согласност со материјалот што се обработува и обемот на стругање, на располагање ви се различни брусни листови:
Лист за брусење Материјал Примена Гранулација
квалитет означен
со црвена боја
Сите дрвени материјали
(на пр. цврсто, меко
дрво, иверки, градежни
плочи)
–Метални материјали
За претходно брусење, на пр. за груби нерендани
греди и даски
грубо 40
60
За рамно брусење и израмнување на мали
нерамнини
средно 80
100
120
За завршно и фино брусење на дрво
фино 180
240
320
400
квалитет означен
со бела боја
–Боја
–Лак
Материјал за полнење
–Шпахтел маса
За брусење на боја
грубо 40
60
За брусење на претходно намачкана боја (на пр. за
израмнување на нерамнини од четката, капки боја
и извалкани места)
средно 80
100
120
За крајно брусење на основната боја пред лакирање
фино 180
240
320
OBJ_BUCH-2755-002.book Page 88 Wednesday, January 20, 2016 2:16 PM

Содержание

Похожие устройства

Скачать