Mirka PROS 650CV 8995650111 [136/216] Замена на заптивката на кочницата

Mirka PROS625CV [136/216] Замена на заптивката на кочницата
136 MirkPROS • 150 mm (6") • 125 mm (5")
mk
Замена на потпорната подлога
1. Вметнете го клучот за подлога меѓу потпорната подлога и заптивката на кочницата за да ја зафатите навртката
на осовината.
2. Свртете ја потпорната подлога спротивно од насоката на движење на стрелките на часовникот за да ја
отстраните.
3. Поставете ја и затегнете ја новата потпорна подлога со помош на подметки.
4. Отстранете го клучот за подлогата.
Штитник за подлога
Штитниците за подлога на Mirka се дизајнирани да ја заштитат потпорната подлога од трошење при агресивно
и континуирано брусење со Net производите. Овие поволни штитници за подлога кои се поставуваат помеѓу
потпорната подлога и дискот за брусење треба редовно да се менуваат. Штитниците за подлога го продолжуваат
работниот век на потпорната подлога.
http://www.mirka.com/accessories/Pad_Savers/#/
Замена на заптивката на кочницата
НАПОМЕНА! Преголемиот вакуум во системот за вшмукување на прашината може да доведе до дефект на
заптивката на кочницата.
1. Отстранете ја потпорната подлога како што е опишано погоре.
2. Извлечете ја старата заптивка на кочницата од нејзиното лежиште.
3. Вградете ја новата заптивка на кочницата во лежиштето.
4. Вградете ја потпорната подлога како што е опишано погоре.
5. Проверете ја функционалноста на заптивката на кочницата. Можете да го прилагодите дејството на заптивката
на кочницата така што ќе го промените бројот на подметки меѓу осовината и потпорната подлога.
Замена на приборот на придушувачот
(PROS 550CV, PROS 580CV, PROS 625CV, PROS 650CV & PROS 680CV)
Подигнете го капакот.
Отстранете го садот за придушување така што цврсто ќе го поместите на страна и ќе вметнете шрафцигер меѓу
садот и шестоаголната навртка. Завртете го шрафцигерот за да го одвоите садот од куќиштето.
Поставете нов придушувач на куќиштето.
Понатамошно сервисирање
Сервисирањето мора да го извршуваат обучени лица. За гаранцијата на алатот да остане важечка и за да
обезбедите оптимална безбедност и функционирање на алатот, сервисирањето мора да го извршува овластениот
сервисен центар на компанијата Mirka. За да пронајдете локален овластен сервисен центар на компанијата Mirka,
обратете се до службата за корисничка поддршка на компанијата Mirka или нејзиниот продавач.
Секогаш исклучувајте го доводот на воздух пред одржувањето!
Користете исклучиво оригинални резервни делови од Mirka!
Одржување

Содержание

Скачать