Mirka PROS 680CV 8995680111 [133/216] Внимание

Mirka PROS680CV [133/216] Внимание
132 MirkPROS • 150 mm (6") • 125 mm (5") MirkPROS • 150 mm (6") • 125 mm (5") 133
mk
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
При употребата на овој алат секогаш носете ја потребната опрема за лична безбедност во согласност со
упатствата на производителот и локалните/националните стандарди.
Не го користете електричниот алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови.
Прочитајте го листот со безбедносни податоци за материјалите (MSDS) за работната површина.
Користете го алатот со систем за вшмукување на прашината. Соодветниот уред за вшмукување прашина ќе го
намали количеството опасна прашина.
Не се истегнувајте премногу. Секогаш цврсто стојте и одржувајте стабилна рамнотежа.
Не носете широка облека или накит. Држете ја косата, облеката и ракавиците подалеку од подвижните делови.
Подвижните делови може да ја зафатат широката облека, накитот или долгата коса.
Ако дојде до каква било физичка неудобност на раката/зглобот, престанете со работа и побарајте лекарска
помош. Работните задачи што се повторуваат, движењата и прекумерната изложеност на вибрации можат да
доведат до повреди на дланката, зглобот или раката.
Не ги користете електричните алати во средини во кои постои опасност од експлозии, како на пример во
присуство на запалливи течности, гасови или прашина.
Алатот нема електрична изолација. Пред работа проверете дали на работната површина има делови под
напон, цевки со гас, итн.
ВНИМАНИЕ
Спречете случајно вклучување.
Отстранете го клучот за подлогата пред да го поврзете алатот со доводот за воздух.
• Одржувајте го работниот простор чист и добро осветлен.
Секогаш проверувајте дали предметот што го брусите е добро прицврстен.
Секогаш исклучувајте го доводот за воздух пред да ја замените брусната хартија.
Дополнителни безбедносни предупредувања
Прочитајте ги сите упатства пред да го користите овој алат. Сите оператори мора да поминат целосна обука за
безбедна употреба на овој алат.
Сето одржување мора да го извршуваат обучени лица. Ако е потребно сервисирање, обратете се до
овластениот сервис центар на компанијата Mirka!
Секогаш носете ја потребната опрема за лична безбедност (видете ги предупредувањата).
Операторот мора секогаш да стои во безбедна положба, да има цврст стисок и цврсто да стои на цврсто тло.
Секогаш проверувајте дали предметот што го брусите е добро прицврстен.
Редовно проверувајте го алатот, потпорната подлога, цревото и спојките за знаци на истрошеност.
Секогаш осигурувајте се дека сте безбедни за време на работењето; никогаш немојте да носите, складирате
или да го оставате алатот без надзор додека е приклучен на довод на воздух.
Кесата за складирање прашина на системот за вшмукување на прашината треба да се чисти или менува
секојдневно. Прашината може да биде мошне запаллива. Чистењето или замената на кесата исто така
обезбедува и оптимални перформанси.
Не го надминувајте максималниот препорачан воздушен притисок од 6,2 bar (90 psi).
Бидете внимателни за да спречите подвижните делови на алатот да ја зафатат облеката, врвките, косата, крпите
за чистење итн.
Држете ги рацете подалеку од ротирачката подлога за време на употребата.
Ако ви се чини дека алатот работи неисправно, веднаш престанете со користењето и договорете сервисирање
и поправка.
Секогаш исклучувајте го доводот за воздух пред да ја замените брусната хартија. Погрижете се правилно да ја
прицврстите и центрирате брусната хартија на потпорната подлога.

Содержание

Скачать