Bosch GTS 254 0601B45000 Инструкция к Bosch GTS 254 0601B45000 онлайн [299/416] 837943
![Bosch GTS 254 0601B45000 Инструкция к Bosch GTS 254 0601B45000 онлайн [299/416] 837943](/views2/2072877/page299/bg12b.png)
Македонски | 299
u Рачките и површините за држење одржувајте ги
суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за
држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно
ракување и контрола на алатот во непредвидливи
ситуации.
Сервисирање
u Електричниот алат сервисирајте го кај
квалификувано лице кое користи само идентични
резервни делови. Со ова се овозможува безбедно
одржување на електричниот алат.
Безбедносни упатства за столни пили
Предупредувања за заштита
u Чувајте ги штитниците на своето место. Штитниците
мора да бидат во работна состојба и правилно
монтирани. Доколку штитникот е олабавен, оштетен
или не функционира правилно, тогаш мора да се
поправи или да се замени.
u Секогаш кога сечете, користете штитник за сечило
на пила, нож за раздвојување и уред против
повратен удар. При целосно сечење, кога сечилото
сече преку целата дебелина на делот што се
обработува, штитникот и другите безбедносни уреди
помагаат во намалување на ризикот од повреда.
u Веднаш повторно вратете го системот за заштита
по завршување на активноста (како на пример
рендање) за коешто е потребно да се отстрани
штитникот, ножот за раздвојување и/или уредот
против повратен удар. Штитникот, ножот за
раздвојување и уредот против повратен удар помагаат
во намалување на ризикот од повреда.
u Осигурајте се дека сечилото не е во допир со
штитникот, ножот за раздвојување или делот што
се обработува пред да го вклучите прекинувачот.
Ненамерниот контакт на овие предмети и сечилото
може да создаде опасни состојби.
u Прилагодете го ножот за раздвојување како што е
објаснето во прирачникот за употреба.
Несоодветниот простор, неправилната поставеност и
центрирањето може да ја намалат можноста за
спречување на одбивањето на ножот за раздвојување.
u За ножот за раздвојување и уредот против
повратен удар да можат да работат, истите мора да
се наоѓаат во делот што се обработува. Ножот за
раздвојување и уредот против повратен удар, не се
ефикасни при сечење на делови што се премногу
кратки за сечење со нож за раздвојување. Под овие
услови, ножот за раздвојување и уредот против
повратен удар не можат да го спречат одбивањето.
u Користете соодветно сечило за ножот за
раздвојување. За правилна работа на ножот за
раздвојување, дијаметарот на сечилото мора да
одговара на соодветниот нож за раздвојување и
телото на сечилото мора да биде потенко од
дебелината на ножот за раздвојување и ширината на
сечење на сечилото мора да биде пошироко од
дебелината на ножот за раздвојување.
Предупредувања при процесот на сечење
u ОПАСНОСТ: Никогаш не ги ставајте прстите или
рацете во близина, или во иста линија со сечилото.
Еден момент на невнимание или излизгување може да
ја ви ја насочи раката кон сечилото и да доведе до
сериозна повреда.
u Вметнете го делот што се обработува во сечилото
спротивно од насоката на вртење. Доколку го
вметнете делот што се обработува во насока на
вртење на сечилото над работната површина, тогаш
може да дојде до повлекување на делот што се
обработува и вашата рака во сечилото.
u Никогаш не го употребувајте граничникот за
вметнување на делот што се обработува при негово
расцепување, и не го употребувајте паралелниот
граничник како обележувач на должината при
напречно сечење заедно со граничникот. Доколку
истовремено го насочите делот за обработка со
граничникот за напречно сечење и паралелниот
граничник, тогаш ќе се зголеми можноста за
замотување и одбивање.
u При расцепување, секогаш вметнувајте го делот
што се обработува меѓу граничникот и сечилото.
Користете водечка летва кога растојанието меѓу
граничникот и сечилото е помало од 150 mm, и
користете блокови кога растојанието е помало од
50 mm. „Помошните работни“ уреди ги одржуваат
рацете на безбедно растојание од сечилото.
u Користете само водечка летва обезбедена од
производителот или изработена според упатството.
Со оваа водечка летва се обезбедува соодветно
растојание на раката од сечилото.
u Никогаш не користете оштетена или исечена
водечка летва. Оштетена водечка летва може да се
скрши и да предизвика лизгање на раката на сечилото.
u Не преземајте никаква активност со „слободната
рака“. Секогаш користете паралелен граничник или
граничник за позиционирање и насочување на
делот што се обработува. „Слободна рака“ значи
користење на рацете за држење или насочување на
делот што се обработува, наместо паралелен
граничник или граничник. Сечење со слободна рака
води до погрешно насочување, замотување и
одбивање.
u Никогаш не се посегнувајте околу или преку сечило
кое работи. Посегнувањето по делот што се
обработува може да доведе до случаен контакт со
сечило кое ротира.
u Обезбедете помошен држач за делот што се
обработува на задниот, и/или страничниот дел на
работната површина за порамнување на долги и/
или широки делови. Долг и/или широк дел што се
обработува може да се навали на работ на работната
Bosch Power Tools 1 609 92A 72F | (13.10.2021)
Похожие устройства
- Friulsider FM744 М12 20х80 ZN (2 шт) ФАС 76014 2 12 Отказное письмо
- STOUT ALPHA 350 6 секций, боковое подключение SRB-2310-035006 RG00908P36VGEB Технический паспорт
- STOUT ALPHA 500 8 секций SRB-2310-050008 RG00908P3BAT9I Технический паспорт
- STOUT Space 350 10 секций боковое подключение SRB-0310-035010 Технический паспорт
- STOUT Space 350 14 секций боковое подключение SRB-0310-035014 Технический паспорт
- STOUT Space 500 10 секций боковое подключение SRB-0310-050010 Технический паспорт
- Friulsider нейлон TU 6х30 (100 шт) FR_60101006030IM Отказное письмо
- Friulsider нейлон TU 10х50 (50 шт) FR_60101010050IM Отказное письмо
- Friulsider нейлон TU 5х25 (100 шт) FR_60101005025IM Отказное письмо
- Friulsider нейлон TU 8х40 (100 шт) FR_60101008040IM Отказное письмо
- STOUT Space 500 11 секций боковое подключение SRB-0310-050011 Технический паспорт
- STOUT Space 500 12 секций боковое подключение SRB-0310-050012 Технический паспорт
- STOUT Space 500 13 секций боковое подключение SRB-0310-050013 Технический паспорт
- STOUT Space 500 14 секций боковое подключение SRB-0310-050014 Технический паспорт
- STOUT Space 500 4 секции боковое подключение SRB-0310-050004 Технический паспорт
- STOUT Space 500 5 секций боковое подключение SRB-0310-050005 Технический паспорт
- STOUT Space 500 6 секций боковое подключение SRB-0310-050006 Технический паспорт
- STOUT Space 500 7 секций боковое подключение SRB-0310-050007 Технический паспорт
- STOUT Space 500 8 секций боковое подключение SRB-0310-050008 Технический паспорт
- STOUT Space 500 9 секций боковое подключение SRB-0310-050009 Технический паспорт