Bosch GTS 254 0601B45000 Инструкция к Bosch GTS 254 0601B45000 онлайн [300/416] 837943
![Bosch GTS 254 0601B45000 Инструкция к Bosch GTS 254 0601B45000 онлайн [300/416] 837943](/views2/2072877/page300/bg12c.png)
300 | Македонски
површина и да предизвика губење контрола, виткање
и одбивање на сечилото.
u Ослободете го делот што се обработува со
рамномерна брзина. Не го виткајте делот што се
обработува. Во случај на заглавување, веднаш
исклучете го алатот, исклучете го електричниот
приклучок и отстранете ја пречката. Заглавувањето
на сечилото во делот што се обработува може да
предизвика одбивање или откажување на моторот.
u Не ги отстранувајте отсечените парчиња додека
работи пилата. Материјалот може да се заглави
помеѓу паралелниот граничник или во граничникот на
сечилото и вашите прсти може да влезат во сечилото.
Исклучете ја пилата и почекајте додека сечилото да
застане пред да го отстраните материјалот.
u Користете помошен граничник во контакт со
работната површина при расцепување на делот што
се обработува ако е потенок од 2 mm. Тенок тел што
се обработува може да се вклешти под паралелниот
граничник и да предизвика одбивање.
Одбивање и слични предупредувања
Одбивање е ненадејна реакција на делот што се
обработува заради приклештено, заглавено сечило или
нерамномерно сечење на делот што се обработува во
однос на сечилото или кога парче од делот што се
обработува ќе се најде помеѓу сечилото и паралелниот
граничник или друг фиксен предмет.
Најчесто во текот на одбивањето, делот што се
обработува се подига од работната површина со задниот
дел од сечилото и се насочува кон операторот.
Одбивањето е резултат на погрешна употреба и/или
несоодветни оперативни постапки или услови и може да
се избегне со преземање на соодветните превентивни
мерки наведени подолу.
u Никогаш не стојте директно во линија со сечилото.
Секогаш позиционирајте го телото на иста страна со
сечилото, како паралелниот граничник. Одбивањето
може да го насочи делот што се обработува во близина
на лице кое стои пред и во иста линија со сечилото.
u Никогаш не пристапувајте преку или зад сечилото
за да го повлечете или поддржите делот што се
обработува. Може да дојде до случаен контакт со
сечилото или одбивањето може да ги повлече вашите
прсти во сечилото.
u Никогаш не го држете или притискајте делот што се
сече на сечило кое ротира. Притискањето на делот
што се сече на сечилото ќе предизвика услови за
виткање и одбивање.
u Израмнете го граничникот со сечилото. Ако
граничникот не е израмнет, делот што се обработува
ќе се заглави на сечилото и ќе се одбие.
u Користете плоча со засеци за насочување на делот
што се обработува на работната површина, и
граничник кога правите кратки засеци, како на пр.
за жлебови. Плочата со засеци помага за контрола на
делот што се обработува во случај на одбивање.
u Потпрете ги големите делови што се обработуваат
за да го намалите ризикот од приклештување или
одбивање на сечилото. Големите делови што ги
обработувате се искривуваат под својата тежина.
Држачот(е) мора да бидат поставени под деловите на
панел плочата кои се издадени надвор од работната
површина.
u Обрнете дополнително внимание при сечење на
делот што се обработува ако е извиткан, има
чворови, ако е деформиран или нема прави рабови
за насочување со паралелен граничник или покрај
граничникот. Дел што се обработува со чворови, кој е
деформиран или извиткан не е стабилен и
предизвикува нерамномерност на засекот со
сечилото, виткање или одбивање.
u Никогаш не сечете повеќе парчиња за
обработување, вертикално или хоризонтално
поставени. Сечилото на пилата може да собере едно
или повеќе парчиња и да предизвика одбивање.
u При повторно стартување на пилата чиешто сечило
се наоѓа во делот што се обработува, центрирајте го
сечилото во засекот, така да запците на сечилото не
се навлезени во материјалот. Доколку сечилото се
витка, може да отскокне од делот што се обработува и
да предизвика одбивање кога се рестартира пилата.
u Сечилата одржувајте ги чисти, остри и во добра
состојба. Никогаш не користете искривени сечила,
или сечила со пукнати или скршени запци. Остри и
правилно поставени сечила го намалуваат виткањето,
откажувањето или одбивањето.
Предупредувања во врска со работата на столната
пила
u Исклучете ја столната пила и извадете го кабелот
од струја при вадење на влошката од работната
површина, промена на сечилото или, при
прилагодување на ножот за раздвојување или
граничникот на сечилото, и кога машината е
оставена без придружба. Со мерките на
претпазливост ќе се избегнат несреќи.
u Никогаш не ја оставајте столната пила да работи
без придружба. Исклучете го и не го оставајте
алатот додека целосно не прекине со работа. Пила
која работи без придружба е неконтролирана
опасност.
u Столната пила поставете ја на добро осветлено
место и нивелирана површина, каде може добро и
рамномерно да се постави. Треба да се инсталира
на место, со доволно простор за лесна обработка на
делот што се обработува. Ограничен темен простор и
ненивелирани лизгави подови предизвикуваат
несреќи.
u Често чистете и отстранувајте ги струготините под
работната површина, и/или од садот за собирање
прав. Насобраните струготини се запаливи и може да
се запалат самите.
1 609 92A 72F | (13.10.2021) Bosch Power Tools
Похожие устройства
- Friulsider FM744 М12 20х80 ZN (2 шт) ФАС 76014 2 12 Отказное письмо
- STOUT ALPHA 350 6 секций, боковое подключение SRB-2310-035006 RG00908P36VGEB Технический паспорт
- STOUT ALPHA 500 8 секций SRB-2310-050008 RG00908P3BAT9I Технический паспорт
- STOUT Space 350 10 секций боковое подключение SRB-0310-035010 Технический паспорт
- STOUT Space 350 14 секций боковое подключение SRB-0310-035014 Технический паспорт
- STOUT Space 500 10 секций боковое подключение SRB-0310-050010 Технический паспорт
- Friulsider нейлон TU 6х30 (100 шт) FR_60101006030IM Отказное письмо
- Friulsider нейлон TU 10х50 (50 шт) FR_60101010050IM Отказное письмо
- Friulsider нейлон TU 5х25 (100 шт) FR_60101005025IM Отказное письмо
- Friulsider нейлон TU 8х40 (100 шт) FR_60101008040IM Отказное письмо
- STOUT Space 500 11 секций боковое подключение SRB-0310-050011 Технический паспорт
- STOUT Space 500 12 секций боковое подключение SRB-0310-050012 Технический паспорт
- STOUT Space 500 13 секций боковое подключение SRB-0310-050013 Технический паспорт
- STOUT Space 500 14 секций боковое подключение SRB-0310-050014 Технический паспорт
- STOUT Space 500 4 секции боковое подключение SRB-0310-050004 Технический паспорт
- STOUT Space 500 5 секций боковое подключение SRB-0310-050005 Технический паспорт
- STOUT Space 500 6 секций боковое подключение SRB-0310-050006 Технический паспорт
- STOUT Space 500 7 секций боковое подключение SRB-0310-050007 Технический паспорт
- STOUT Space 500 8 секций боковое подключение SRB-0310-050008 Технический паспорт
- STOUT Space 500 9 секций боковое подключение SRB-0310-050009 Технический паспорт