Bosch GTS 254 0601B45000 Инструкция к Bosch GTS 254 0601B45000 онлайн [301/416] 837943

Bosch GTS 254 0601B45000 Инструкция к Bosch GTS 254 0601B45000 онлайн [301/416] 837943
Македонски | 301
u Столната пила мора да биде обезбедена. Недоволно
обезбедена столна пила може да се придвижи и
преврти.
u Отстранете ги алатите, дрвените отпадоци и др. од
работната површина пред вклучување на столната
пила. Одвлекување на вниманието или потенцијална
гужва може да бидат опасни.
u Секогаш користете сечила со точна големина и
форма (дијамантски наспроти тркалезни) за арбор
дупки. Сечила кои не одговараат на металниот дел за
монтирање на сечилото ќе излезат од средиштето, што
ќе предизвика губење на контрола.
u Никогаш не користете оштетени или неправилни
средства за монтирање на сечилото, како на пр.
прирабници, дихтунзи, гвинтови или завртки. Овие
средства за монтирање се специјално дизајнирани за
вашата пила, за безбедно и оптимално работење.
u Никогаш не застанувајте на столната пила, не ја
користете за качување. Може да настане сериозна
повреда доколку го допрете или случајно стапите во
контакт со алатот за сечење.
u Проверете дали сечилото е инсталирано за да
ротира во правилна насока. Не користете брусни
дискови, жичени четки или абразивни дискови на
столната пила. Неправилно инсталирање на сечилото
или користење на дополнителна опрема што не се
препорачува може да предизвика сериозна повреда.
Дополнителни безбедносни напомени
u При ставањето на листот на пилата носете заштитни
ракавици. Постои опасност од повреда.
u Не користете листови за пила од HSS-челик. Таквите
листови на пила може лесно да се скршат.
u Користете само листови на пила, кои одговараат на
наведените податоци во ова упатство за користење
и на електричниот алат или се проверени според
EN847-1 и се соодветно означени.
u Никогаш не го користете електричниот алат без дел
за вметнување. Променете го дефектниот дел за
вметнување. Без соодветен дел за вметнување може
да се повредите на сечилото за пила.
u Одржувајте ја чистотата на работното место.
Мешавините на материјали се особено опасни. Правта
од лесен метал може да се запали или експлодира.
u За материјалот, кој што сакате да го обработите,
изберете го соодветниот лист на пилата.
u Користете само листови на пила, што се
препорачани од производителот на овој
електричен алат и се погодни за материјалот што
сакате да го обработувате.
u Вметнете го делот што се обработува само кога се
врти листот на пилата. Инаку постои опасност од
повратен удар, доколку листот на пилата се заглави во
делот што се обработува.
Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето
на вашиот електричен алат. Ве молиме запаметете ги
ознаките и нивното значење. Вистинската
интерпретација на ознаките Ви помага подобро и
побезбедно да го користите електричниот алат.
Ознаки и нивно значење
Не посегнувајте со дланките во
полето на сечење, додека работи
електричниот алат. Доколку дојдете
во контакт со сечилото за пила постои
опасност од повреда.
Носете заштитни очила.
Носете заштита за слухот.
Изложеноста на бучава може да влијае
на губењето на слухот.
Носете маска за заштита од прав.
ø 30 mm
ø 254
mm
Внимавајте на димензиите на сечилото
за пила. Дијаметарот на отворот мора
точно да биде наместен на вретеното
на алатот. Доколку е неопходно
користење на редуцирни делови,
внимавајте димензиите на
редуцирниот дел да одговараат на
дебелината на сечилото за сечење и на
дијаметарот на отворот на сечилото за
пила, како и на дијаметарот на
вретеното на алатот. Доколку е можно,
со сечилото за пила користете ги
испорачаните редуцирни делови.
Дијаметарот на сечилото за пила мора
да одговара на податоците на ознаката.
d
b
a
c
a Дијаметарот на сечилото за пила
треба максимално да изнесува
254mm.
b Дебелината на клинот за
разделување изнесува 2mm.
c Стрелката за насока на запците
(правецот на стрелката на сечилото за
пила) мора да се совпаѓа со правецот
на стрелката на клинот за
разделување.
d При менување на сечилото за пила
внимавајте ширината на резот да не е
Bosch Power Tools 1 609 92A 72F | (13.10.2021)

Похожие устройства

Скачать