Bosch GardenPump 18 06008C4200 [225/313] Прицврстување на држачот за зид буре види слика b

Bosch GardenPump 18 06008C4200 [225/313] Прицврстување на држачот за зид буре види слика b
Македонски | 225
Полнач AL 1810 CV
Време на полнење (празна батерија)
Батерија со 1,5Ah мин 94
Батерија со 2,0Ah мин 124
Батерија со 2,5Ah мин 154
Батерија со 3,0Ah мин 185
Батерија со 4,0Ah мин 244
Батерија со 6,0Ah мин 364
Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 кг 0,17
Заштитна класа
/ II
Податоците важат за номинален напон [U] од 230V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата
во односната земја.
Полнење на батеријата
u Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на полначот.
Батеријата е опремена со температурен монитор кој
дозволува полнење само на температури од 0°C до 35°C
степени. Така се обезбедува долготрајност на батеријата.
Совет: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За да ја
наполните целосно батеријата, пред првата употреба
ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не ú наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабинско
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. При
празна батерија производот е опремен со заштита од
вклучување: Пумпата не работи повеќе.
Внимавајте на напомените за отстранување на батериите.
Постапка на полнење (види сликаH)
Полнењето започнува кога полначот е приклучен во
утикач и батеријата (22) е вметната во полначот (23).
Поради интелигентниот процес на полнење, автоматски
се препознава состојбата на наполнетост на батеријата и
ќе биде наполнета со оптималниот капацитет во
зависност од температурата и напонот на батеријата.
Така се негува батеријата и при чување во полначот
постојано е наполнета.
Значење на индикаторите (AL1810)
Трепкаво светло на приказот за наполнетост на
батеријата
Процесот на брзо полнење се сигнализира
со трепкање на приказот за полнење на
батеријата .
Трајно светло на приказот за наполнетост на
батеријата
Трајното светло на приказот за наполнетост
на батеријата сигнализира, дека батеријата е
целосно наполнета или дека температурата
на батеријата е надвор од дозволените
граници на температура за полнење и затоа не може да се
наполни. Што се постигне дозволената граница на
температура, батеријата е наполнета.
Без вметната батерија трајното светло на приказот за
полнење на батеријата сигнализира дека струјниот
приклучок е приклучен на приклучницата и полначот е
подготвен за работа.
Монтажа
Прицврстување на држачот за зид / буре
(види сликаB)
Прицврстете го држачот за зид (10) покрај бурето за
вода. Внимавајте на тоа дека растојанието до борето за
вода е ограничено поради должината на приклучниот
кабел.
Растојанието до бурето со висината на бурето не смее да
биде поголемо од должината на кабелот.
При монтажата на ѕид, користете ја мустрата за дупчиња,
за да ги означите позициите на шрафовите на ѕидот.
Ако немате можност да монтирате на ѕид, испорачаниот
држач за буре (8) може да се прицврсти дирекно на
ивицата на бурето.
Совет: При повишена температура, термостатот ја
исклучува работната единица. Затоа, држачот на
единицата треба бездруго да биде монтиран во сенkовито
место.
Вклучување на работната единица (види
сликаC)
Во случај на држач за ѕид, извадете ја сигурносната
завртка (9) од држачот за ѕид, закачете ја работната
единица (6) горе на држачот за ѕид и прицврстете ја
оддолу со сигурносната завртка (9).
Bosch Power Tools F 016 L81 984 | (27.02.2020)

Содержание

Похожие устройства

Скачать