Bosch GardenPump 18 06008C4200 [227/313] Тајмер види слика k

Bosch GardenPump 18 06008C4200 [227/313] Тајмер види слика k
Македонски | 227
Тајмер (види сликаK)
За да го активирате тајмерот, притиснете го, при
вклучена пумпа, копчето за подесување (5).
После едно притискање, времето на работа ќе биде 5
min. Со секое следно притиснување, времето на работа
се продолжува по 5min, до максимални 15min.
Избраното време ќе се прикаже според соодветната
сијаличка LED(4).
По истекот на зададеното време, пумпата автоматски се
гаси.
За да го исклучите тајмерот, притиснете го копчето за
подесување (5) толку пати, додека се појави ознаката
(4).
Вадење на батеријата (види сликаL)
За отворање на работната единица(6) мрднете ја рачката
за подесување (7) нагоре и турнете го капакот надолу.
Притиснете го копчето за подесување и повлечете ја
батеријата (22) нагоре од работната единица. Притоа не
употребувајте сила.
Затворете го капакот за да спречите влегување на влага.
Чистење на филтерот (види сликаM)
Пумпата (18) е опремена со филтер(17) за избегнување
оштетувања за време на работата. Редовно проверувајте
и чистете го филтерот.
Повлечете го филтерот нагоре. Исчистете го филтерот во
течна вода и вратете го во пумпата.
Чистење на цревото од овоздушувачот (види
сликаO)
Ако цревото на овоздушувачот (12) е затнато, озвадете
го капачето (24) и куглата (25). Исчистете го цревото на
овоздушувачот (12) со миење под млаз вода. Вратете ја
куглата (25) назад и монтирајте го капачето (24).
Грешки - причини и помош
Пумпа за дождовница
Проблем Можна причина Помош
Светлото за грешки
трепка црвено
Батеријата е премногу топла/ладна Пуштете батеријата да се загрее/олади
Светлото за грешки
трепка жолто
Активирана е заштитата од работа на суво Исклучете го уредот и ставете ја пумпата во
вода
Пумпата не се
вклучува
Работната единица не е потполно затворена Затворете го капакот на работната единица и
турнете ја рачката за заклучување надолу
Батеријата не е (правилно) вметната Правило ставете ја батеријата
Кабелот не е (правилно) приклучен Правилно до крај притиснете го кабелот во
утикач и осигурајте го со навлака
Празна батерија Наполнете ја батеријата
Пумпата/водата е замрзната Извадете ја пумпата и почекајте да се стопи
мразот
Пумпата работи ама
со смален капацитет
или нема работен
притисок/притисокот
е нерамномерен
Запушен воден филтер Извадете го и исчистете го филтерот
Премалку вода Проверете го нивото на водата и осигурајте се
дека пумпата е потполно натопена
Воздух во пумпата или цревото Извадете ја прскалката на цревото и пуштете ја
пумпата да работи со приклучено црево, се
додека водата не почне рамномерно да тече
Монтирана е спојка за црево со автостоп Спојката за црево заменете ја со спојка без
автостоп
Цревото е затнато Проверете го цревото да не е затнато или
превиткано
После гаснење на
пумпата, вода и
понатаму тече
Не е монтиран приклучок со овоздушувач за
цревото
Мотирајте го приложениот приклучок со
овоздушувач за цревото
Приклучок со овоздушувач за цревото не е
монтиран на вистинското место
Приклучок со овоздушувач за цревото
поставете го така, што ќе бите потопен во вода
Запушено е цревото на овоздушувачот Исчистете го цревотот на овоздушувачот
Bosch Power Tools F 016 L81 984 | (27.02.2020)

Содержание

Похожие устройства

Скачать