Bosch GPL 5 G 0601066P00 — упутство за замена на батерии во мерни уреди [274/453]

Превью страниц Страница 274 / 453
Bosch GPL 5 G 0601066P00 [274/453] Ставање менување на батерии
274 | Македонски
Монтажа
Ставање/менување на батерии
За работа со мерниот уред се препорачува користење на алкално-мангански
батерии.
Завртете го евентуално магнетскиот ротационен држач(3) настрана така што
капакот на преградата за батерии(6) слободно ќе легне.
За да го отворите капакот од преградата за батерии (6) притиснете на механизмот за
заклучување (5) нагоре и извадете го капакот од преградата за батерии. Ставете ги
батериите.
Притоа внимавајте на половите според приказот на внатрешната страна од
преградата за батерии.
Поставете го капакот на преградата за батерии(6) повторно и цврсто притиснете го
на означеното место над механизмот за заклучување(5).
Ако батериите ослабуваат, светлоста на ласерските точки полека се намалува.
Доколку батериите се скоро испразнети, тогаш ласерските точки трепкаат 5× во
минута.
Доколку батериите се празни, ласерските точки трепкаат уште еднаш, пред да се
исклучи мерниот уред.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден
производител и со ист капацитет.
u Ако не го користите мерниот уред подолго време, извадете ги батериите.
При подолго складирање во мерниот уред, батериите може да кородираат и да се
испразнат.
Употреба
Ставање во употреба
u Заштитете го мерниот уред од влага и директно изложување на сончеви
зраци.
u Не го изложувајте мерниот уред на екстремни температури или
температурни осцилации. На пр. не го оставајте долго време во автомобилот.
При големи температурни осцилации, оставете го мерниот уред прво да се
аклиматизира и направете проверка за точноста секогаш пред да продолжите со
работа (види „Контрола на точноста на мерниот уред“, Страница276).
1 609 92A 5MH | (22.10.2020) Bosch Power Tools

Содержание

1043

Научете како правилно да замените батерии во мерни уреди. Следете упатства за безбедност и одржавање за оптимално функционирање.