Bosch GCM 8 SDE 0.601.B19.200 Инструкция к товару онлайн [308/431] 850968

Bosch GCM 8 SDE 0.601.B19.200 Инструкция к товару онлайн [308/431] 850968
308 | Македонски
1 609 92A 3UK | (07.08.2018) Bosch Power Tools
Вертикален агол на закосување Хоризонтален агол на закосување
Извадете ја завртката за
блокирање (51).
0°– 47°
(десно)
≤ 44°
(десно/лево)
Олабавете ја завртката за
блокирање (51).
Извлечете ја десната подеслива
гранична водилка (15) целосно
нанадвор.
Подигнете ја подесливата гранична
водилка нагоре.
0°– 47°
(десно)
≥ 45°
(десно/лево)
Олабавете ја завртката за
блокирање (51).
Извлечете ја десната подеслива
гранична водилка (15) целосно
нанадвор.
Подигнете ја подесливата гранична
водилка нагоре.
Прицврстување на делот што се обработува (види
слика G)
Цврсто притиснете го делот што се обработува на
граничната водилка (14).
Вметнете ја испорачаната столарската стега (28) во
отворите предвидени за таа намена (35).
Прилагодете ја навојната прачка (52) на столарската
стега според висината на делот што се обработува.
Цврсто затегнете ја навојната прачка (52) и со неа
фиксирајте го делот што се обработува.
Подесување на хоризонталниот агол на
закосување
За правење на прецизни резови, по интензивно
користење на електричниот алат мора да проверите во
основните поставки и евентуално да го подесите (види
„Проверка и подесување на основните поставки“,
Страница311).
Поставување на хоризонтални стандардни агли на
закосување (види слика H)
За брзо и прецизно подесување на често користени
хоризонтални агли на закосување, на масата за пила има
жлебови (25):
лево десно
45°; 31,6°; 22,5°; 15° 15°; 22,5°; 31,6°; 45°; 60°
Отпуштете го копчето за фиксирање (21), доколку е
затегнато.
Повлечете го лостот (22) и свртете ја масата за пила
(16) до саканиот жлеб на левата или десната страна.
Повторно отпуштете го лостот. Лостот мора осетно да
се вклопи во жлебот.
Повторно затегнете го копчето за фиксирање (21).
Поставување на саканите хоризонтални агли на
закосување (види слика I)
Хоризонталниот агол на закосување може да се подеси
во граници од 52° (на левата страна) до 60° (на десната
страна).
Отпуштете го копчето за фиксирање (21), доколку е
затегнато.
Повлечете ја рачката (22) и истовремено притиснете
ја стегата за фиксирање (20), додека таа не се вклопи
во жлебот предвиден за таа намена. Притоа, масата за
пила ќе биде слободно подвижна.
Вртете ја масата за пила (16) со држачот налево или
надесно додека агломерот (24) не го покаже саканиот
хоризонтален агол на закосување.
За хоризонтален агол на закосување над 45°:
Целосно извлечете го продолжетокот на масата за
пила (13) кон надвор (види „Продолжување на масата
за пилата (види слика E)“, Страница307).
Повторно затегнете го копчето за фиксирање (21).
За повторно да ја олабавите рачката (22) (за
поставување на хоризонтални стандардни агли на
закосување), повлечете ја рачката нагоре.
Стегата за фиксирање (20) скокнува назад во
првобитната позиција и рачката (22) може повторно
да се вклопи во жлебовите (25).
Подесување на вертикалниот агол на
закосување
За правење на прецизни резови, по интензивно
користење на електричниот алат мора да проверите во
основните поставки и евентуално да го подесите (види
„Проверка и подесување на основните поставки“,
Страница311).
Вертикалниот агол на закосување може да се подеси во
граници од 47° (на левата страна) до 47° (на десната
страна).
Скачать