Bosch GCM 8 SDE 0.601.B19.200 Инструкция к товару онлайн [309/431] 850968
![Bosch GCM 8 SDE 0.601.B19.200 Инструкция к товару онлайн [309/431] 850968](/views2/2087358/page309/bg135.png)
За брзо и прецизно подесување на често користени
вертикални агли на закосување, постојат граничници за
агли од 0°, 45°, 22,5° и 33,9°.
Поставување на саканиот вертикален агол на
закосување (види слика J)
– Извлечете го граничникот (44) целосно нанапред.
Притоа можете да го користите целото вертикално
подрачје на аголот на закосување (лево и десно).
– Извлечете ја десната подеслива гранична водилка
(15) целосно нанадвор одн. целосно отстранете ја
(види „Поместување на граничната водилка“,
Страница307).
Доколку сакате да го користите целото вертикално
подрачје на аголот на закосување, морате целосно да
ја извлечете нанадвор левата подеслива гранична
водилка (15) одн. целосно да ја отстраните.
– Олабавете го затезниот лост (41).
– Навалете ја рачката на алатот со дршката (9) кон лево
или десно, се додека агломерот (42) или (31) не го
покажува посакуваниот агол на закосување.
– Повторно затегнете го затегнувачкиот лост (41).
Поставување на вертикални стандардни агли на
закосување (види слика K)
Вертикален стандарден агол на закосување 0°:
– Навалете ја рачката на алатот со дршката (9) малку
налево и притиснете го граничникот (44) целосно
наназад.
Вертикални стандардни агли на закосување 45°, 33,9° и
22,5°:
– Свртете го левиот или десниот граничник (29), додека
не се вклопи саканиот вертикален агол на закосување
на ознаката за стрелка.
Ставање во употреба
u Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230V исто така може да се користат и на 220V.
Вклучување (види слика L)
– За ставање во употреба на електричниот алат
најпрво ставете ја блокадата при вклучување (7) на
средина и потоа притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (8) и држете го притиснат.
Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот
за вклучување/исклучување (8) не се блокира, туку мора
постојано да се држи притиснат за време на работата.
Исклучување
– За исклучување отпуштете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (8).
Ограничување на стартната струја
Електронското ограничување на стартната струја ја
ограничува јачината на струјата при вклучување на
електричниот алат и овозможува работа на осигурувач од
16‑A.
Напомена: Доколку електричниот алат стартува веднаш
по вклучувањето со полн број на вртежи,
ограничувањето на стартната струја не работи.
Електричниот алат мора веднаш да се испрати во
сервисната служба, видете ги адресите во дел (види
„Сервисна служба и совети при користење“,
Страница313).
Совети при работењето
Општи напомени за сечење
u Секогаш затегнувајте ги копчето за фиксирање
(21) и затегнувачкиот лост (41) пред сечењето.
Инаку сечилото за пила може да се заглави во делот
што се обработува.
u При сите резови најпрво мора да се осигурате, дека
сечилото за пила во ниеден момент нема да ја
допре граничната водилка, столарските стеги или
другите делови на уредот. Извадете го евентуално
монтираниот помошен граничник или соодветно
подесете го.
Заштитете го сечилото за пила од удари. Не го
изложувајте сечилото за пила на страничен притисок.
Не обработувајте искривени делови. Делот што се
обработува мора да има секогаш прав раб за
поставување на граничната водилка.
Долгите и тешки делови што се обработуваат мора да се
потпрат на слободниот крај или да се прицврстат.
Проверете дали осцилаторниот заштитен капак може
правилно да функционира и дали може слободно да се
движи. Кога го водите кракот на алатот надолу, мора да ја
отворите осцилаторниот заштитен капак. Кога го водите
кракот на алатот нагоре, осцилаторниот заштитен капак
мора да се затвори преку сечилото за пила и да се
фиксира во најгорната позиција на кракот на алатот.
Означување на линијата за сечење (види слика M)
Ласерскиот зрак ја покажува линијата на сечење на
сечилото за пила. Притоа, делот што се обработува може
точно да го позиционирате за сечење, без да го отворате
осцилаторниот заштитен капак.
– За тоа, вклучете го ласерскиот зрак со прекинувачот
(42).
– Насочете ги ознаките на делот што се обработува на
десниот раб на линијата на ласерот.
Напомена: Пред сечењето, проверете дали линијата на
сечење е точно прикажана (види „Подесување на
ласерот“, Страница311). Ласерскиот зрак може да се
помести на пр. со вибрации при интензивна употреба.
Позиција на корисникот (види слика N)
u Не се застанувајте во една линија со сечилото за
пила пред електричниот алат, туку секогаш
странично од сечилото. На тој начин, Вашето тело е
заштитено од можен повратен удар.
– Држете ги дланките прстите и рацете подалеку од
ротирачкото сечило за пила.
Македонски | 309
Bosch Power Tools 1 609 92A 3UK | (07.08.2018)
Похожие устройства
- Bosch GCM 8 SJL Professional 0.601.B19.100 Инструкция к товару
- Bosch PCM 7 S 0.603.B01.300 Инструкция к товару
- Bosch PCM 8S 0.603.B10.100 Инструкция к товару
- Deko DKMS2000-255 Laser 063-4315 Руководство по эксплуатации
- Deko DKMS2200-255 Laser 063-4218 Инструкция по эксплуатации
- Dewalt 54V XR FLEXVOLT DCS778N Инструкция к товару
- Dewalt D 27111 Инструкция к Dewalt D 27111
- Dewalt DW 711 Инструкция к Dewalt DW 711
- Dewalt DW 712 Инструкция к товару
- Dewalt DW 713 Инструкция к товару
- Dewalt DW 717XPS Инструкция к товару
- Dewalt 1600 Вт DWS713 Инструкция к товару
- Dewalt DWS 778 Инструкция к товару
- Диолд ПТД-1.3М-210 10062010 Инструкция к товару
- Диолд ПТД-1.4М-210 10062020 Инструкция к товару
- Диолд ПТД-1.6М-255 10062040 Инструкция к товару
- DWT KGS18-255 P 5.1.21 Инструкция к товару
- Einhell TC-SM 2131/1 Dual 4300390 Инструкция к Einhell TC-SM 2131/1 Dual
- Einhell tc-sm 2531/2 u, 1900 вт, 254x30 мм, пропил 310x70 мм, со станиной 4300805 Инструкция к товару
- Einhell TC-SM 2534/1 Dual 4300395 Инструкция к товару