Bosch GLM 50-27 CG 0601072U00 [348/477] Вметнување менување на батеријата

Bosch GLM 50-27 CG 0601072U00 [348/477] Вметнување менување на батеријата
348 | Македонски
Вметнување/менување на батеријата
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од
еден производител и со ист капацитет.
Притоа внимавајте на половите според приказот на внатрешната страна од
преградата за батерии.
u Доколку не сте го користеле мерниот уред подолго време, извадете ги
батериите од него. Доколку се подолго време складирани, батериите може да
кородираат и да се испразнат.
Никогаш не го складирајте мерниот уред без вметнат поклопец на преградата
за батерии(13) или литиум-јонскиот батериски пакет(19) (опрема), особено
во околина со прашина или влага.
Литиум-јонски батериски пакет (опрема)
Вметнување/менување на литиум-јонски батериски пакет
(опрема)
Вметнете го литиум-јонскиот батериски пакет(19) (опрема).
За да го извадите литиум-јонскиот батериски пакет(19) (опрема) притиснете го
механизмот за фиксирање(20) и извадете го литиум-јонскиот батериски пакет.
(види Сл. A, Страница5)
Полнење на литиум-јонскиот батериски пакет (опрема)
u За полнење, користете USB мрежен напојувач, чии технички податоци (напон и
струја за полнење) одговараат на препорачаните мрежни напојувачи. Притоа
внимавајте на упатството за користење на USB-мрежниот напојувач.
Препорачан мрежен напојувач: види технички податоци.
u Внимавајте на електричниот напон! Напонот на струјниот извор мора да
одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на мрежниот
напојувач. Мрежните напојувачи означени со 230волти исто така може да се
користат и на 220волти.
Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети поради
интернационалните прописи за транспорт. За да се обезбеди целосна моќност
на батеријата, целосно наполнете ја батеријата пред првата употреба.
1 609 92A 6XT | (03.09.2021) Bosch Power Tools

Содержание

Похожие устройства

Скачать