Bosch AdvancedRotak 36-660 06008B9606 [273/380] Монтажа и користење

Bosch AdvancedRotak 36-890 (06008B9806) [273/380] Монтажа и користење
Македонски | 273
Монтажа и користење
Цел на користењето Слика Страна
Обем на испорака
A)
A 366
Отворање на рачката
Прилагодување на работната висина
B 367
Монтирање и отстранување на
корпата за трева
C 368
Подесување на висината на косење D 369
Вметнување на батерија E 369
Употреба
- Вметнете го електричниот
прекинувач
- Вклучете
- Косете
- Исклучете
- Извадете го електричниот
прекинувач
F 370
Вадење на батеријата G 371
Предупредување при работа
„косење“
H 371
Свети знакот за корпата за трева
празна/полна
I 372
Склопување на рачката J 373
Одржување/замена на сечилото K 374
Бирање на опрема L 374
A)
Илустрираната или опишана опрема не е дел од
стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може
да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Вклучување
За Ваша безбедност
u Предупредување: Исклучете ја косачката, извадете
го клучот за изолација и батеријата пред секое
прилагодување или чистење. Истото важи и ако
кабелот е оштетен, прекинат или сплеткан.
u По исклучувањето на косачката, сечилата вртат
уште неколку секунди.
u Предупредување: Внимание – не допирајте ги
ротирачките сечила.
Полнење на батеријата
Батеријата е опремена со температурен монитор кој
дозволува полнење само на температури од 0°C до 35°C
степени. Така се обезбедува долготрајност на батеријата.
Совет: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За да ја
наполните целосно батеријата, пред првата употреба
ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не ú наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабинско
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку
батеријата е празна, електричниот апарат се исклучува со
заштитен прекинувач: Машината повеќе не работи.
По автоматското исклучување на уредот, не
притискајте на прекинувачот за вклучување/
исклучување. Батеријата може да се оштети.
Внимавајте на напомените за отстранување на батериите.
Вметнување/вадење на батеријата
Совет: Користењето на несоодветни батерии може да
доведе до погрешно функционирање или до оштетување
на уредот.
Повторно ставете ја наполнетата батерија. Проверете
дали батеријата е правилно вклопена.
За вадење на батеријата од уредот, притиснете го
копчето за вадење на батеријата и извадете ја батеријата.
Полнење
Полнењето започнува кога полначот е приклучен во
утикач и батеријата е вметната во полначот .
Поради интелигентниот процес на полнење, автоматски
се препознава состојбата на наполнетост на батеријата и
ќе биде наполнета со оптималниот капацитет во
зависност од температурата и напонот на батеријата.
Така се негува батеријата и при чување во полначот
постојано е наполнета.
Значење на симболите на полначот (AL 3620
CV/AL 3640 CV/AL 36V-20)
Брзо полнење
Процесот на брзо полнење се сигнализира
со брзо трепкање на зелениот приказ за
полнење на акумулаторот.
Индикатор на батеријата: За време на процесот на
полнење трите зелени LED светла светнуваат
едноподруго и се гасат за кратко. Батеријата е целосно
наполнета, доколку трите зелени LED светла постојано
светат. Околу 5минути откако ќе се наполни целосно
батеријата, трите зелени LED светла повторно се гасат.
Совет: Брзото полнење е можно само ако температурата
на батеријата е во границите на дозволената
температура, види го делот „Технички податоци“.
Батеријата е полна
Трајното светло на зелениот приказ на
батеријата сигнализира дека батеријата е
целосно наполнета.
Потоа во траење од околу 2 секунди се огласува сигнал
кој означува дека батеријата е целосно наполнета.
Тогаш батеријата може веднаш да се употребува.
Откако ќе ја извадите батеријата, трајното светло на
приказот за полнење на батеријата сигнализира дека
струјниот приклучок е сеуште приклучен на ѕидната
дозна и полначот е подготвен за работа.
Bosch Power Tools 1 609 92A 5BS | (14.10.2019)

Содержание

Похожие устройства

Скачать