Bosch GCG 18V-600 06019C4001 [143/203] Вметнување на патрон

Bosch GCG 18V-600 06019C4001 [143/203] Вметнување на патрон
Македонски | 143
Ако за прв пат го користите пиштолот за силикон или
претходно се користела тубуларна ќеса, бидете сигурни
дека се монтирани пластичната шајбна за
истиснување(4) и металната шајбна за истиснување(5).
Постапете на следниот начин:
Одвртете го капачето за затворање(1) од држачот за
ќеси и патрони(2).
Ослободете ја назабената шина(7) со отклучувањето
на назабената шина(12) и повлечете ја наназад.
Исечете ја тубуларната ќеса на предната страна и
вметнете ја во држачот за ќеси и патрони.
Поставете соодветен отвор за истекување и затворете
го држачот за ќеси и патрони(2) со капачето за
затворање(1).
Внимателно вметнете ја отклучената назабена шина
нанапред, додека пластичната шајбна за
истиснување(4) не ја допре тубуларната ќеса.
Евентуално исечете го отворот за истекување според
Вашите потреби.
Ако пиштолот за силикон претходно се користел со
патрон, постапете на следниот начин (види сликаA):
Ослободете ја назабената шина(7) со отклучувањето
на назабената шина(12) и повлечете ја надолу.
Одвртете го држачот за ќеси и патрони(2) од
пиштолот за силикон.
Извадете го алуминиумскиот диспензер за
истиснување(6), свртете го за 180° (свитканата
страна да покажува кон назад) и повторно вметнете го.
Поставете го алуминиумскиот диспензер за
истиснување(6) на металната шајбна за
истиснување(5) и врз тоа пластичната шајбна за
истиснување(4). Свртете ја затезната навртка(3) на
навојот и затегнете ја.
Навртете го држачот за ќеси и патрони(2) на пиштолот
за силикон. Притоа цврсто држете го сврзното
капаче(8).
Одвртете го капачето за затворање(1) од држачот за
ќеси и патрони(2).
Исечете ја тубуларната ќеса на предната страна и
вметнете ја во држачот за ќеси и патрони(2).
Поставете соодветен отвор за истекување и затворете
го држачот за ќеси и патрони(2) со капачето за
затворање(1).
Внимателно вметнете ја отклучената назабена шина
нанапред, додека пластичната шајбна за
истиснување(4) не ја допре тубуларната ќеса.
Евентуално исечете го отворот за истекување според
Вашите потреби.
Вметнување на патрон
Ако пиштолот за силикон претходно се користел со
патрон, постапете на следниот начин:
Ослободете ја назабената шина(7) со отклучувањето
на назабената шина(12) и повлечете ја наназад.
Одвртете го капачето за затворање(1) од држачот за
ќеси и патрони(2).
Исечете го патронот на предната страна и навртете
отвор за истекување.
Вметнете го патронот и затворете го држачот за ќеси и
патрони(2) со капачето за затворање(1).
Внимателно вметнете ја отклучената назабена шина
нанапред, додека металната шајбна за
истиснување(5) не го допре патронот.
Евентуално исечете го отворот за истекување според
Вашите потреби.
Ако пиштолот за силикон претходно се користел со
тубуларна ќеса, постапете на следниот начин (види
сликаB):
Ослободете ја назабената шина(7) со отклучувањето
на назабената шина(12) и повлечете ја наназад.
Одвртете го држачот за ќеси и патрони(2) од
пиштолот за силикон.
Извадете ги пластичната шајбна за истиснување(4) и
металната шајбна за истиснување(5) со притискање
на пластичната шајбна за истиснување надолу.
Извадете го алуминиумскиот диспензер за
истиснување(6), свртете го за 180° (свитканата
страна да покажува кон напред) и повторно вметнете
го. Затегнете го алуминиумскиот диспензер за
истиснување(6) со затезната навртка(3).
Навртете го држачот за ќеси и патрони(2) на пиштолот
за силикон. Притоа цврсто држете го сврзното
капаче(8).
Одвртете го капачето за затворање(1) од држачот за
ќеси и патрони(2).
Исечете го патронот на предната страна и навртете
отвор за истекување.
Вметнете го патронот и затворете го држачот за ќеси и
патрони(2) со капачето за затворање(1).
Внимателно вметнете ја отклучената назабена шина
нанапред, додека металната шајбна за
истиснување(5) не го допре патронот.
Евентуално исечете го отворот за истекување според
Вашите потреби.
Употреба
Ставање во употреба
Вметнување на батеријата
u Користете само оригинални Bosch литиум-јонски
батерии со напон кој е наведен на
спецификационата плочка на Вашиот електричниот
алат. Користењето друг вид батерии може да доведе
до повреди и опасност од пожар.
Напомена: Користењето на батерии кои не се соодветни
за Вашиот електричен алат може да доведе до погрешно
функционирање или до оштетување на истиот.
Наполнетата батерија ставете ја(18) од задната страна
навнатре во подножјето на електричниот алат. Целосно
притиснете ја батеријата во подножјето, додека не се
заклучи.
Bosch Power Tools 1 609 92A 51G | (14.03.2019)

Содержание

Скачать