Bosch EXACT 4 0.602.490.437 Инструкция к товару онлайн [204/337] 864071
![Bosch EXACT 4 0.602.490.437 Инструкция к товару онлайн [204/337] 864071](/views2/2101956/page204/bgcc.png)
204 | Македонски
– Турнете го лизгачот (10) од електричниот алат
целосно наназад.
– Вметнете го алатот за поставување (21) во прифатот
за алат (8) и полека свртете го.
– Веднаш штом забележите мала испакнатина (плочка за
подесување (22)) на спојката, вметнете го алатот за
поставување (21) во оваа испакнатина и свртете го.
Вртењето во правец на стрелките на часовникот создава
повисок вртежен момент, а вртењето во правец
спротивен од стрелките на часовникот создава помал
вртежен момент.
– Извадете го алатот за поставување (21). Турнете го
лизгачот (10) повторно нанапред, за да ја заштитите
спојката од нечистотија.
Напомена: Потребната поставка зависи од видот на
сврзувањето и најдобро може да се одреди со практичен
обид. Проверете го завртувањето со клуч за вртежен
момент.
u Вртежниот момент поставете го само во
наведените граници на јачина, инаку нема да
одговара на спојката за исклучување.
Обележување на поставките на вртежниот момент
За обележување на индивидуално подесен вртежен
момент, прстенот за обележување (7) може да го
замените со прстен за обележување во друга боја.
Доколку, на пример, користите неколку EXACT-
електрични алати со вртежен момент од 4,5 Nm, може да
ставите црвени прстени за обележување за означување
на вртежниот момент. Доколку користите други EXACT-
електрични алати во друго поле на монтажа, чиј вртежен
момент е подесен на 7,5Nm, може да ставите прстен за
обележување во друга боја (црн, син, зелен или жолт), за
да го означите вртежниот момент во ова поле. Прстените
за обележување во различна боја се смислени за помош
на монтерите, за брзо да може да ги препознаат, кој
вртежен момент е поставен за односниот електричен
алат.
Притиснете го прстенот за обележување (7) со тенок
одвртувач, шпатула или слично.
Секогаш користете го електричниот алат со прстен за
обележување, за да бидете сигурни дека куќиштето е
заштитено од прав и нечистотија.
LED-приказ
Приказ на наполнетоста на батеријата
Доколку е потребно полнење на батеријата
(5) LED-приказот (2) трепка зелено и се
слуша акустичен сигнал. Можни се само 6 –
8 завртувања.
Доколку LED-приказот свети црвено, капацитетот нема да
биде доволен за ново завртување на спојници или
електричниот алат е преоптоварен. Електричниот алат не
може да се вклучи. Блокадата при вклучување останува
активна, сè додека не се извади батеријата од
електричниот алат и повторно не се стави наполнета
батерија.
Доколку работите со струен адаптер, црвениот LED-
приказ (2) покажува преоптоварување.
Скратеното време на работа на електричниот алат по
полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и
мора да се замени. Употребените батерии отстранете ги
според законските/одредбите во зависност од земјата.
Приказ за завртување на спојниците
Со постигнување на претходно поставениот
вртежен момент, исклучната спојка се
отпушта. LED-приказот (1) свети зелено.
Доколку претходно поставениот вртежен момент не се
постигне, LED-приказот (1) свети црвено и се слуша
звучен сигнал. Завртувањето на спојниците мора да се
изведе уште еднаш.
Заштита од рестартирање
Доколку при завртувањето на спојниците се активира
спојката за исклучување, моторот се исклучува.
Повторното вклучување е возможно дури по 0,7 секунди
пауза. Притоа се избегнува невнимателно зацврстување
на веќе фиксираните спојници.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
u Пред било каква интервенција на електричниот
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
u Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Подмачкување на електричниот алат
средство за подмачкување:
Специјална маст за погони (225 ml)
Број на дел/артикл 3 605 430 009
Моликотна маст
Моторно масло SAE 10/SAE 20
– По првите 150 работни часа, исчистете го куќиштето
со растворувач. Следете ги напомените на
производителот на растворувачот за користење и
фрлање. На крај подмачкајте го куќиштето со
специјална маст за погони од Bosch. Повторете го
процесот на чистење по околу 300 работни часа од
првото чистење.
– Подмачкајте ги подвижните делови на спојката за
исклучување по 100000 завртувања со неколку капки
моторно масло SAE 10/SAE 20. Подмачкајте ги
лизгачките делови и оние што се тркалаат со
моликотна маст. Проверете дали е изабена спојката,
за да се осигурате дека нема да влијае на
повторливоста и прецизноста. На крај, мора одново да
се постави вртежниот момент на спојката.
u Одржувањето и поправката треба да се изведуваат
само од страна на квалификуван стручен персонал.
1 609 92A 4V3 | (14.02.2019) Bosch Power Tools
Похожие устройства
- Ballu Ettore BEC/ETER-1000 НС-1135153 Инструкция по эксплуатации
- Ballu Ettore BEC/ETER-1500 НС-1135154 Инструкция по эксплуатации
- Ballu Ettore BEC/ETER-2000 НС-1135155 Инструкция по эксплуатации
- Ballu Ettore BEC/ETMR-1000 НС-1135150 Инструкция по эксплуатации
- Ballu Ettore BEC/ETMR-1500 НС-1135151 Инструкция по эксплуатации
- Ballu Ettore BEC/ETMR-2000 НС-1135152 Инструкция по эксплуатации
- Ballu Ettore BEC/ETMR-500 НС-1135149 Инструкция по эксплуатации
- Ballu Evolution Digital Inverter BEC/EVI-1500 НС-1139506 Инструкция к Ballu Evolution Digital Inverter BEC/EVI-1500 НС-1139506
- Ballu Evolution Digital Inverter BEC/EVI-2000 НС-1139508 Инструкция к Ballu Evolution Digital Inverter BEC/EVI-1500 НС-1139506
- Bosch EXACT 7 0.602.490.439 Инструкция к товару
- Диолд КЭ-1-02 30051020 Инструкция к ДИОЛД КЭ-1-02 30051020
- Electrolux ECH/A-1000 M НС-1256963 Инструкция к Electrolux ECH/A-1000 M НС-1256963
- Electrolux ECH/A-1500 M НС-1256965 Инструкция к Electrolux ECH/A-1000 M НС-1256963
- Electrolux ECH/A-2000 M НС-1256967 Инструкция к Electrolux ECH/A-1000 M НС-1256963
- Electrolux ECH/A-2500 M НС-1256970 Инструкция к Electrolux ECH/A-1000 M НС-1256963
- Electrolux ECH/AS-1000 ER, белый НС-1120124 Инструкция к Electrolux ECH/AS-1000 ER
- Electrolux ECH/AS-1000 MR НС-1120233 Инструкция к Electrolux ECH/AS -1000 MR
- Bosch EXACT 9 0.602.490.435 Инструкция к товару
- Electrolux ECH/AS-1500 MR НС-1120234 Инструкция к Electrolux ECH/AS -1000 MR
- Electrolux ECH/AS-2000 ER НС-1119630 Инструкция к Electrolux ECH/AS-1000 ER