Gorenje SVC216FR [22/78] Користење на правосмукалката

Gorenje SVC216FR [22/78] Користење на правосмукалката
22
Полнење на правосмукалката
Пред да ја ставите правосмукалката на
ногарката со кабелот за напојување, на
куќиштето мора да ја поставите рачната
правосмукалка, која содржи батерија за
полнење. Слики подолу за полесно
разбирање.
Правосмукалката е склопена со заштитен
уред што ја прекинува работата на апаратот
во случај на слаба струја. Кога ова ќе се
случи, батеријата на правосмукалката мора
повторно да се наполни. Ставете ја рачката
правосмукалка на куќиштето ако ја
користите одделно и поставете го куќиштето
на сталакот или полначот. Вклучете го
адаптерот во ѕидниот штекер. Кога
светилката/индикаторот за полнење на
батеријата ќе почне да свети сино,апаратот
се полни.
После неколку часа, сигналното светло
почнува да трепка и се исклучува. Ова значи
дека батеријата е потполно полна.
Препорачуваме полнење на батеријата 1-2
часа подолго. Потоа, одстранете го
струјниот кабел или исклучете го полначот
од штекерот. Постапката за полнење на
батеријата е завршена.
Внимание: При првите три полнења што
повеќе испразнете ја батеријата, а потоа
полнете ја најмалку 12 часа. Потоа
батеријата можете да ја полните според
горните упатства.
Користење на правосмукалката
Извадете ја правосмукалката од полначот;
вклучете и исклучете ја со прекинувачот за
вклучување/исклучување. При вклучување
на правосмукалката се пали сигналната
сијаличка.
Веднаш до вклучи/исклучи копчето има
копче за прилагодување на јачината,
прикажано на сликата подолу.
Правосмукалката има две нивоа на јачина.
Максималното ниво на јачина е соодветно
за нормално чистење. Минималното ниво на
јачина е препорачливо за помали,
поедноставни чистења. На минималното
ниво на јачина, правосмукалката ќе работи
подолго со едно полнење, а истовремено е
и потивка. Притиснете го копчето за да ја
прилагодите јачината.

Содержание

Похожие устройства