Bosch PKP 18 E 603264508 [30/46] Монтажа

Bosch PKP 18 E 603264508 [30/46] Монтажа
30 | Македонски
1 609 92A 0PF | (18.6.14) Bosch Power Tools
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на пиштолот за лепење на графичката страница.
1 Млазница
2 Заштита од топлина
3 Топлив лепак
4 Копче за придвижување
5 Потпорен држач
Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Монтажа
Завртете ја млазницата 1 на апаратот. Ставете го
заштитниот држач 5 во отворите на двете страни на
пиштолот за лепење..
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на пиштолот за
лепење. Пиштолите за лепење означени со 230 волти
исто така може да се користат и на 220 волти.
Вклучување/исклучување (види слика A)
За да заштедите енергија, вклучувајте го пиштолот за
лепење само доколку го користите.
–За вклучување на пиштолот за лепење ставете го
мрежниот приклучок во приклучницата.
Оставете го пиштолот за лепење да се загрее околу 7 мин.
пред почетокот на работата. Како што е прикажано на
сликата поставете го пиштолот за лепење на заштитниот
држач 5.
–За исклучување на пиштолот за лепење извлечете го
мрежниот приклучок од приклучницата.
Доколку не го користите електричниот апарат, извлечете
го мрежниот приклучок, за да заштедите енергија.
Совети при работењето
При подолги паузи во работата извлечете го
мрежниот приклучок.
Заштитете ги лицата и животните од врелата смеса
за лепење и врвот на млазницата. Смесата за лепење
и врвот на млазницата 200 °C стануваат жешки, постои
опасност од изгореници. Доколку со врелата смеса за
лепење ја допрете кожата, држете го допреното место
неколку минути под ладен млаз вода. Не се обидувајте
да ја отстраните смесата за лепење од кожата.
Со помош на акумулираната топлина, по загревањето,
пиштолот за лепење може да се користи и по
исклучувањето. Доколку лепакот на излезот стане
прегуст, повторно ставете го мрежниот приклучок во
приклучницата.
Подготовка за лепење
Местата на лепење мора да бидат чисти, суви и да не се
замастени. Огрубете ги мазните површини пред
лепењето.
Не користете запалив раствор за чистење на местата
на лепење. Вишокот на раствор може да се запали
поради врелиот лепак или да создаде штетна пареа.
Околната температура и деловите што се лепат не смеат да
бидат со температура пониска од +5 °C и повисока од
+50 °C.
Загрејте го материјалите што се ладат брзо (на пр. челик)
за подобро да се залепат, на пр. со фен за топол воздух.
Лепење (види слика B)
Оставете го пиштолот за лепење да се загрее. Во
зависност од материјалот што го лепите, ставете го
соодветниот топлив лепак 3 во задниот дел на пиштолот
за лепење. Со рамномерен притисок притискајте на
копчето за придвижување 4.
Нанесувајте ја смесата за лепење точкасто, а при
лепење на свитливи материјали (на пр. текстил) во цик-
цак линија.
По нанесувањето на смесата за лепење, веднаш за
околу 30 с. притиснете ги материјалите што треба да се
залепат. По околу 5 мин. време на ладење местото на
лепење се стврднува.
Помеѓу поединечните постапки на лепење ставете го
пиштолот за лепење на заштитниот држач 5.
Откако ќе се олади, отстранете го вишокот од смесата за
лепење со тап предмет. Местата на лепење може повторно
да се одлепат со загревање.
Местата на лепење може да се лакираат.
Пиштол за лепење PKP 18 E
Број на дел/артикл
0 603 264 5..
Номинална јачина
–Загревање
–Одржување на топлина
W
W
200
16
Време на загревање
мин 7
Температура на лепење
°C 200
Капацитет на лепење
г/мин 20
Дијаметар на топливиот
лепак
мм 11
Должина на топливиот лепак
мм 45200
Тежина согласно
EPTA-Procedure 01/2003 кг 0,35
Класа на заштита
/II
Податоците важат за номинален напон [U] од 230 волти. Овие
податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност
од изведбата во односната земја.
OBJ_BUCH-871-003.book Page 30 Wednesday, June 18, 2014 10:42 AM

Содержание

Скачать