Bosch GDX 18V-200 C (06019G4201) [169/239] Одржување и сервис

Bosch GDX 18V-200 C (06019G4204) [169/239] Одржување и сервис
Македонски | 169
Класи на цврстина
според DIN 267
Стандардни завртки Завртки со висока
отпорност
3.6 4.6 5.6 4.8 6.6 5.8 6.8 6.9 8.8 10.9 12.9
M6 2.71 3.61 4.52 4.8 5.42 6.02 7.22 8.13 9.7 13.6 16.2
M8 6.57 8.7 11 11.6 13.1 14.6 17.5 19.7 23 33 39
M10 13 17.5 22 23 26 29 35 39 47 65 78
M12 22.6 30 37.6 40 45 50 60 67 80 113 135
M14 36 48 60 65 72 79 95 107 130 180 215
M16 55 73 92 98 110 122 147 165 196 275 330
Совети
Пред навртување на големи, подолги завртки во цврсти
материјали, претходно издупчете 2/3 од должината на
завртката според внатрешниот дијаметар на навојот.
Напомена: Внимавајте, да не навлезат ситните метални
делови во електричниот алат.
По подолго работење со мал број на вртежи, за да го
оладите електричниот алат оставете го да се врти во
празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.
Држач за појас
Со држачот за појас (5) може да го закачите
електричниот алат на пр. на ремен. Така двете дланки ќе
ви бидат слободни, а електричниот алат ќе го имате на
дофат во секое време.
Напомени за оптимално ракување со батеријата
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од –20
°C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во
автомобилот во лето.
Скратеното време на работа по полнењето покажува,
дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
u Пред било каква интервенција на електричниот
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
u Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
u Повремено исчистете ги прифатот за алат (1) и
чаурата за заклучување (2)и подмачкајте ги со
малку маст 1 600 A00 2NE.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У “РОЈКА”
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Транспорт
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на
Законот за опасни материјали. Батериите може да се
транспортираат само од страна на корисникот, без
потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр.
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се
внимава на специјалните напомени на амбалажата и
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката
мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е
неоштетено. Залепете ги отворените контакти и
спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се
движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на
евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување
Електричните апарати, батериите, опремата
и амбалажите треба да се отстранат на
еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати и
батериите во домашната канта за ѓубре!
Bosch Power Tools 1 609 92A 4TS | (07.01.2019)

Содержание

Похожие устройства

Скачать