Mirka ROS550CV [135/216] Правилна употреба на алатот

Mirka ROS550CV [135/216] Правилна употреба на алатот
134 MirkPROS • 150 mm (6") • 125 mm (5") MirkPROS • 150 mm (6") • 125 mm (5") 135
mk
Филтер
Регулатор
Слика 1
Подмачкувач
Црево за довод на воздух до алатот
Правилна употреба на алатот
Оваа брусилка е наменета за брусење на сите видови материјали, т.е. метали, дрво, камен, пластика, итн. со
помош на брусна хартија наменета за таа цел. Не ја користете оваа брусилка за никаква друга намена, освен
наведената, без да се посоветувате со продавач на компанијата Mirka. Користете само оригинални потпорни
подлоги на компанијата Mirka од 125 mm (5") или 150 mm (6") кои се дизајнирани за оптимални перформанси
со заптивката на кочницата. Никогаш не монтирајте потпорна подлога без подметка за одвојување. Другите
потпорни подлоги можат да ги намалат перформансите и да ги зголемат вибрациите.
Работни станици
Алатот е наменет за употреба како рачен алат. Се препорачува алатот да го користите само кога стоите на цврсто
тло. Алатот може да се користи во секаква положба, но пред секоја таква употреба операторот мора да биде
во безбедна положба, цврсто да го држи алатот, стабилно да стои и да има предвид дека вртежниот момент на
брусилката во случај на отпор може да ја придвижи брусилката во насока обратна од вртењето на работниот
дел. Видете го заглавието „Упатства за ракување“.
Упатства за ракување
При отпакувањето на алатот проверете дали тој е цел, комплетен и неоштетен при транспортот. Никогаш не
користете оштетен алат.
За да го поврзете доводот на воздух, подигнете го капакот и поврзете го доводот на воздух. Затворете го
капакот пред да го употребувате алатот. Користете довод на воздух со чисто подмачкување кој ќе обезбеди
правилен воздушен притисок на алатот од 6,2 bar (90 psig), кога алатот работи со рачката притисната до крај. Се
препорачува употреба на одобрено црево за воздух со максимална должина од 10 mm (3/8") x 8 m (25 ft.). Алатот
треба да биде приклучен на доводот на воздух на начинот прикажан во слика 1.
Не го приклучувајте алатот на систем со компримиран воздух ако не е поставен вентил за прекин на доводот
на воздух со кој лесно може да се ракува и кој е лесно пристапен. Строго се препорачува да се користи филтер
за воздух, регулатор и подмачкувач (FRL), како што е прикажано во слика 1, бидејќи само така на алатот ќе му
обезбедите довод на чист, подмачкан воздух со правилен притисок. Детални информации за таквата опрема
можете да добиете од вашиот снабдувач. Во случај да не се користи таква опрема, алатот треба да се подмачкува
рачно.
За рачно да го подмачкате алатот, отстранете го цревото за воздух и нанесете 2 до 3 капки од испорачаното
масло или масло Wurth, дел бр. 08930505 во конекторот за воздух на алатот. Повторно приклучете го алатот на
доводот на воздух и оставете полека да работи неколку секунди за да овозможите циркулирање на маслото со
помош на воздухот. Ако алатот се користи често, подмачкувајте го секојдневно.
Подмачкајте го алатот пред складирање на подолго време или во случај алатот да успорува/да губи моќност.
За време на работењето се препорачува воздушниот притисок во алатот да изнесува 6,2 bar (90 psig). Алатот
може да работи и при понизок притисок, но никогаш при притисок повисок од 6,2 bar (90 psig).

Содержание

Похожие устройства

Скачать