Bosch PTK 14 EDT (0603265520) — употреба и безбедност на пневматски хефталки [48/73]

Bosch PTK 14 EDT (0603265520) [48/73] Изјава за сообразност
48 | Македонски
1 609 929 Y49 | (27.6.14) Bosch Power Tools
Изјава за сообразност
Изјавуваме на сопствена одговорност, дека производот
опишан во „Технички податоци“ соодветствува на сите
применливи одредби од директивите 2011/65/EU,
2014/30/EU, 2006/42/EC вклучително нивните измени и
е сообразен со следните норми:
EN 60745-1, EN 60745-2-16.
Техничка документација (2006/42/EC) при:
Robert Bosch GmbH, PT/ETM9,
70764 Leinfelden-Echterdingen, GERMANY
Robert Bosch GmbH, Power Tools Division
70764 Leinfelden-Echterdingen, GERMANY
Leinfelden, 30.06.2014
Монтажа
Полнење на магацинот (види слики A1A2)
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Користете само оригинална Bosch опрема.
Прецизните делови на пневматската хефталка како
магацинот, делот за туркање и каналот за пукање се
прилагодени на хефт-иглиците и клинците на Bosch.
Другите производители употребуваат друг квалитет на
челик и димензии.
Свртете го електричниот апарат.
Притиснете го механизмот за отклучување 6 и
извлечете го магацинот 9 наназад.
Поставете ги лентите со хефт иглици 8 одн. лентите со
клинци 10. При ставањето на лентите со клинци 10
легнете ја пневматската хефталка на косо, за да може
да легнат клинците на страничниот ѕид.
Ставете го магацинот 9 повторно назад, додека не се
вклопи.
При отворањето, полнењето и затворањето на
магацинот не употребувајте сила.
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 волти исто така може да се користат и на
220 волти.
Блокадата на чкрапалото што е поврзано со подвижниот
клун за хефтање 1 го спречува ненамерното испукување
доколку ненамерно се притисне чкрапалото 4.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Вклучување/исклучување (Поединечно активирање)
Поставете го цврсто клунот за хефтање 1 најпрво на
делот што се обработува, додека не се притисне
неколку милиметри. Потоа кратко притиснете го
чкрапалото 4 и повторно пуштете го.
Вклучување/исклучување (Активирање на контакт)
За брзо работење, може да го држите чкрапалото 4
притиснато. Притиснете го цврсто клунот за хефтање 1
на делот што се обработува, додека не се активира
испукувањето. Поставете ја пневматската хефталка на
следното место и одново притиснете го цврсто клунот
за хефтање 1 на делот што се обработува.
DuoTac-автоматика
Со DuoTac-автоматиката, истовремено се испукуваат 2
хефт иглици. Испукувањето на две хефт иглици
истовремено го спречува кинењето на текни материјали,
на пр. ткаенини или фолии.
DuoTac-функцијата не е возможна при работа со клинци.
–Прекинувачот за DuoTac-автоматика 2 притиснете го
нагоре, за да испукате 2 хефт иглици истовремено.
Прекинувачот за DuoTac-автоматика 2 притиснете го
надолу, за да испукате една хефт иглица или еден
клинец.
Претходно бирање на јачината на удар
Со вртливото копче 5 за претходно подесување на
јачината на удар може претходно да ја изберете јачината
на удари по степени.
Потребната јачина на удари зависи од должината на хефт
иглиците одн. клинците и цврстината на материјалот.
Доколку работите со 2 хефт иглици (DuoTac-функција) на
вртливото копче 5 за претходно подесување на јачината
на удар мора да се избере еден повисок степен.
Напомена: Најпрво испробајте ја поставената ударна
сила на еден остаток од материјал. Оптималната поставка
на ударната сила мое да се утврди дури по практичен обид.
Податоците во приложената табела се препорачани
вредности.
Поле за подесување на тркалцето за подесување 5
Henk Becker
Executive Vice President
Engineering
Helmut Heinzelmann
Head of Product Certification
PT/ETM9
Подлога
Меко дрво
(бор)
1–3 3
Цврсто дрво
(бука)
3–5 6
Иверки 2–4 4
Шперплочи 2–4 4
6
5
4
3
2
1
6 8 10 12 14 mm
14 mm
OBJ_BUCH-1440-002.book Page 48 Friday, June 27, 2014 11:18 AM

Содержание

Откријте како правилно да користите пневматски хефталки, вклучувајќи упатства за полнење, активирање и безбедносни мерки за ефикасна работа.

Скачать