Bosch IXO+IXOlino (06039A800M) [163/262] Не ги оставајте децата без надзор за време на чистењето или одржувањето на полначот

Bosch IXO V BBQ Set 06039A800G [163/262] Не ги оставајте децата без надзор за време на чистењето или одржувањето на полначот
Bosch Power Tools 1 609 92A 18V | (5.3.15)
Македонски | 163
Не ги оставајте децата без надзор за
време на чистењето или одржувањето на
полначот.
Полначот држете го подалеку од дожд и влага.
Навлегувањето на вода во полначот го зголемува ризикот од
електричен удар.
Полнете го електричниот апарат само со испорачаниот полнач.
Одржувајте ја чистотата на полначот. Доколку се извалка, постои
опасност од електричен удар.
Пред секое користење, проверете го полначот, кабелот и
приклучокот. Не го користете полначот, доколку приметите
оштетувања. Не го отворајте сами полначот и оставете го на
поправка кај квалификуван стручен персонал кој ќе користи
само оригинални резервни делови. Оштетениот полнач, кабел и
приклучок го зголемува ризикот за електричен удар.
Не го користете полначот на лесно запалива подлога (на пр.
хартија, текстил итн.) односно во запалива околина. Постои
опасност од пожар заради затоплувањето на уредот што произлегува
при полнењето.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за зашрафување и одвртување на
шрафови.
Светлото на овој електричен апарат е наменето да го осветли директно
полето на работа на електричниот апарат и не е погодно за просторно
осветлување во домаќинството.
OBJ_BUCH-2253-002.book Page 163 Thursday, March 5, 2015 7:53 AM

Содержание

Похожие устройства

Скачать