Bosch 18V Quick Snap solo (06039A3402) без акк и з.у [156/204] Употреба

Bosch 18V Quick Snap solo (06039A3402) без акк и з.у [156/204] Употреба
156 | Македонски
1 609 92A 3T5 | (12.6.17) Bosch Power Tools
Вртење на додатокот (види слика F)
Извадете го додатокот од електричниот алат. Завртете го
додатокот во саканата позиција и потоа повторно вметнете
го.
Демонтирање на додатокот (види слика G)
Извадете го алатот за вметнување.
Извадете го додатокот од прифатот 1.
Комбинирање на додатоци (види слика H)
Вметнете го аголниот додаток 13 во прифатот 1. Потоа
вметнете го додатокот за стезна глава 11 во аголниот
додаток 13.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материј
алот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
Вметнување на батерија
Напомена: Користењето на батерии несоодветни за
вашиот електричен апарат може да доведе до погрешно
функционирање или до оштетување на електричниот
апарат.
Прекинувачот за менување на правецот на вртење 9
поставете го на средината, за да спречите несакано
вклучување. Наполнетата батерија 6 вметнете ја во
дршката, додека не се вклопи и не легне рамно во
дршката.
Поставете го правецот на вртење (види слика I)
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење 9
може да го промените правецот на вртење на
електричниот апарат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување 10 е притиснат ова не е
возможно.
Тек на десно: За дупчење и зашра
фување на шрафови
притиснете го прекинувачот за менување на правец на
вртење 9 на лево до крај.
Тек на лево: За одвртување одн. отшрафување на
шрафови и мутери притиснете го прекинувачот за
менување на правецот на вртење 9 на десно до крај.
Избирање на вртежниот момент
Со прстенот за подесување на вртежниот момент 2 може
да го изберете потребниот вртежен момент во 22 степени.
При правилно подесување, алатот што се вметнува ќе се
стопира, откако шрафот цврсто ќе се зашрафи во
материјалот одн. откако ќе се постигне поставениот
вртежен момент. Во позиција „ “ преоптеретната спојка
е деактивирана, на пр. при дупчење.
При одвртување на шрафови евентуално може да
одб
ерете повисока поставка одн. да поставите на ознаката
„“.
Подесување на начинот на работа (види слика J)
Со прстенот за претходно подесување на видот на режим
3 може да изберете одвртување, дупчење и ударно
дупчење.
Во позицијата „Ударно дупчење“ преоптеретната спојка е
деактивирана и максималната јачина е постојано активна.
Механички избор на брзини
Прекинувачот за избор на брзини 4 активирајте го
само доколку електричниот апарат е во состојба на
мирување.
Со прекинувачот за избор на брзини 4 може да изберете
беми на брзини.
Брзина 1:
Помал број на вртежи; за завртување или работење со
голем дијаметар на дупчење.
Брзина 2:
Поголем бро
ј на вртежи; за работење со мал дијаметар на
дупчење.
Прекинувачот за избор на брзини секогаш
притискајте го до крај. Инаку електричниот апарат
може да се оштети.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот апарат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
10 и држете го притиснат.
Работното светло 7 свети при лесно или целосно
притиснат прекинувач за вклучување/исклучување 10 и
овозможува осветлување на работниот простор при
неповолни светлосни услови.
Работното светло 7 свети околу 10 секунди по отпуштање
на прекинувачот за вклучување/исклучување
10.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Подесување на бројот на вртежи/удари
Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен
апарат може да го регулирате бесстепено, во зависност од
тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за
вклучување/исклучување 10.
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување 10 се постигнуваат мал број на вртежи/
удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и
бројот на вртежи/удари.
OBJ_BUCH-3177-001.book Page 156 Monday, June 12, 2017 10:35 AM

Содержание

Похожие устройства

Скачать