Al-Ko Silver 46.4 E Comfort [269/274] Отстранување на додатокот за расфрлување трева

Al-Ko Silver 46.4 E Comfort [269/274] Отстранување на додатокот за расфрлување трева
Напомена за работа
469494_a 269
Отстранување на додатокот за
расфрлување трева
1. Кренете ја ударната клапна. (4б-1)
2. Отклучете ја бравата на додатокот за
расфрлување трева. (4б-2)
3. Извлечете го додатокот за расфрлување
трева.
Погон на тркалата (по избор)
Регулирање на сајлата за повлекување
Ако моторот или погонот на тркалата веќе не
можат да се исклучат додека моторот работи,
соодветната сајла за повлекување мора да се
штелува.
ИЗВЕСТУВАЊЕ!
Опасност од повреда!
Регулирајте ја сајлата за повлекување
само кога моторот е исклучен.
1. Вртете го елементот за регулирање на
сајлата за повлекување во насока на
стрелката.
2. За проверка, запалете го моторот и
вклучете го погонот на тркалата.
3. Ако погонот на тркалата сѐ уште не
функционира, однесете ја косилката во
сервис на AL-KO или во овластена
специјализирана работилница.
Подмачкување на погонските запченици
Повремено подмачкајте ги запчениците на
погонската оска со маслен спреј.
ADVICE
Преносот на погонот на тркалата не
бара одржување.
ЧУВАЊЕ
Чувајте го уредот секогаш со извлечен
приклучник.
За да зафаќа помалку место, склопете ја
горната рачка.
Чувајте го уредот на суво место, каде
што децата и неовластените лица немаат
пристап.
ПОПРАВКА
Поправките смеат да ги изведуваат
само сервисите на AL-KO и овластените
специјализирани работилници.
За да се спречи дебаланс, алатот за
сечење и клиновите за прицврстување
смеат само одделно да се заменуваат.
ОДРЖУВАЊЕ И НЕГА
ИЗВЕСТУВАЊЕ!
Опасност од повреда!
Пред сите работи на одржување
и нега извлекувајте го
приклучникот!
При работи на одржување и нега
на алат што сече, секогаш носете
работни ракавици!
Небалансираните ножеви водат
до силни вибрации и до
оштетување на косилката.
Редовно проверувајте ги
функционирањето и истрошеноста на
уредот за зафаќање трева.
По косењето на тревникот темелно
исчистете го уредот со метличка или
со крпа. Преостанатите нечистотии на
долната страна на уредот може да го
доведат во прашање функционирањето.
Не перете го уредот со млаз вода!
Водата што ќе продре може да ги уништи
комбинираниот елемент со прекинувач-
приклучник, како и електромоторот.
Редовно проверувајте да нема
оштетувања на ножот. Острете /
заменувајте ги тапите или оштетените
ножеви само во сервис на AL-KO или во
овластена специјализирана работилница.
Наострените ножеви мора да бидат
балансирани.
Вртлив момент на навртување на
завртката на ножот 15 Nm +5
Погрижете се за тоа, сите навртки,
клинови и завртки да бидат прицврстени
и уредот да биде во сигурна работна
состојба.
Внимавајте на тоа дека, кај уредите
со повеќе ножеви, придвижувањето на
еден нож може да доведе до вртење на
останатите ножеви.
Внимавајте при регулирање на машината
да не заглавите некој дел од телото
помеѓу ножевите и неподвижните делови
на уредот.
Пред да го ставите уредот на место,
оставете го моторот да се излади.

Содержание

Похожие устройства