Bosch GSA 18V-32 (06016A8102) [152/215] Монтажа

Bosch GSA 18V-32 (06016A8102) [152/215] Монтажа
152 | Македонски
1 609 92A 2L0 | (15.11.16) Bosch Power Tools
Технички податоци
Информации за бучава/вибрации
Вредностите на емисија на бучава одредени во согласност
со EN 60745-2-11.
Нивото на звук на уредот, оценето со А, типично изнесува:
ниво на звучен притисок 87 dB(A);
ниво на звучна јачина 98 dB(A). Несигурност K=3 dB.
Носете заштита за слухот!
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е
измерено со нормирана постапка според EN 60745 и
може да се користи за меѓусебна споредба на
електричните апарати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на оптоварувањето со вибрации.
Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на
електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се
користи за други примени, со различна опрема, алатот
што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се
одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова
може значително да го зголеми оптоварувањето со
вибрации во периодот на целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со
вибрации, треба да се земе во обѕир и периодот во кој
уредот е исклучен или едвај ра
боти, а не во моментот кога
е во употреба. Ова може значително да го намали
оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното
работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и
алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на
дланките, организирајте го текот на работата.
Амортизација на вибрациите
Вградената амортизација за вибрации ги намалува
вибрациите кои настануваат во текот на работењето.
Меката дршка ја зголемува заштитата од лизгање и
обезбедува подобро држење и ракување на електричниот
апарат.
Монтажа
Полнење на батеријата
Користете ги само полначите коишто се наведени во
Технички податоци. Само овие уреди за полнење се
погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот
електричен уред.
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За
да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба
ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена со Електронска
заштита на ќелиите („Electronic Cell Protection [ECP]“) од
длабинско празнење. Доколку се испразни батеријата,
електричниот апарат ќе се исклучи со помош на заштитно
струјно коло: Електричниот апарат не се движи повеќ
е.
По автоматското исклучување на електричниот
апарат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Вадење на батеријата (види слика A)
Батеријата 10 има два степени на заклучување кои
спречуваат да не испадне батеријата при невнимателно
притискање на копчето за отворање на батеријата 16.
Додека батеријата е вметната во електричниот апарат, таа
се држи во позиција со помош на федер.
За да ја извадите батеријата 10 притиснете на копчињата
за отворање 16 и извлечете ја батеријата наназад од
електричниот апарат. Притоа не употребувајте сила.
Сабјеста пила GSA 18V-32
Број на дел/артикл
3 601 FA8 1..
Димензии со/без батерија
Должина
Ширина
Висина
мм
мм
мм
482/482
101/101
218/198
Номинален напон
V= 18
Број на удари во празен од n
0
min
-1
0–2500
Прифат на алатот
SDS
Удари
мм 32
макс. длабочина на резот
во дрво
–во челик, нелегиран
–дијаметар на цевката
мм
мм
мм
230
20
175
Тежина согласно
EPTA-Procedure 01:2014
кг 3,9
Дозволена температура на
околината
при полнење
при работа* и при складирање
°C
°C
0...+45
–20...+50
Препорачани батерии
GBA 18V..
GBA 18V... W
Препорачани полначи
AL 18..
GAL 3680
GAL 18... W
граничена јачина при температури <0 °C
Техничките податоци се на испорачаната батерија.
Вкупните вредности на вибрации a
h
(векторски збор на
трите насоки) и несигурност K дадени се во согласност со
EN 60745-2-11:
Сечење на иверка: a
h
=10m/s
2
, K=1,5 m/s
2
,
сечење на дрвени греди: a
h
=13m/s
2
, K=2 m/s
2
.
Податоците за сечење на иверки важат за дебелина од 38 мм на делот
што се обработува.
OBJ_BUCH-2835-002.book Page 152 Tuesday, November 15, 2016 3:41 PM

Содержание

Похожие устройства

Скачать