Bosch GSA 1100 E (0.601.64C.800) [117/155] Употреба

Bosch GSA 1100 E (0.601.64C.800) [117/155] Употреба
Македонски | 117
Bosch Power Tools 1 609 92A 0B5 | (20.1.14)
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Видови употреба
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Основна плоча што може да се навали и извади
(види слики B C)
Основната плоча 2 поради својата подвижност се
подесува на потребниот агол на површината.
Основната плоча 2 може да се помести бесстепено по
должина во зависност од користениот лист за пила и
употребата. Олабавете ги шрафовите 13 со внатрешен
шестаголен клуч 9 и притиснете ја основната плоча 2 во
саканата позиција. Повторно затегнете ги шрафовите 13 и
проверете дали основната плоча 2 е добро фиксирана.
Куки за закачување (види слика D)
Со куките за закачување 6 може да го закачите
електричниот апарат на пр. на скала. Отворете ги куките за
закачување 6 во саканата позиција.
При закачувањето на електричниот уред,
внимавајте листот за пилата да е заштитен од
невнимателно допирање. Постои опасност од
повреда.
Повторно склопете ги куките за закачувањ
е 6, кога ќе
сакате да работите со електричниот апарат.
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 волти исто така може да се користат и на
220 волти.
Сијаличката 10 свети, доколку е вклучен струјниот
приклучок и овозможува осветлување на работното поле
при неповолни светлосни услови.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот апарат најпрво
активирајте ја блокадата при вклучување 7 и притиснете
го на крај прекинувачот за вклучување/исклучување 8 и
држете го притиснат.
За да го исклучите електричниот апарат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 8.
Напомена: Од безбедносни при
чини, прекинувачот за
вклучување/исклучување 8 нема да се блокира, туку за
време на работата постојано мора да биде притиснат.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Контрола на бројот на удари
Бројот на вртежите на вклучениот електричен апарат
може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа
колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за
вклучување/исклучување 8.
Со нежно притискање на прекинувачот за
вклучување/исклучување 8 се постигнуваат мал број на
удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и
бројот на удари.
Потребниот број на удари е зависен од материјалот и
работните услови и може да се утврди со практичен обид.
Се препорачува намалува
ње на бројот на удари кога
листот за пила ќе го поставите на делот што се обработува
како и при сечење на пластика и алуминиум.
При подолготрајно работење со мал број на удари,
електричниот апарат може многу да се вжешти. Оставете
го електричниот апарат околу 3 минути со максимален
број на удари да се олади.
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Совети
При сечење на лесни градежни материјали,
внимавајте на законските одредби и препораки на
производителот на материјалот.
Пред сечењето во дрво, шперплочи, градежни материјали
итн. проверете дали на нив има туѓи тела како на пр.
клинци, шрафови и употребете го соодветниот лист за
пила.
Вклучете го електричниот апарат и водете го по делот што
треба да се обработи. Поставете ја основната плоча 2 на
површината од делот што се обработува и сечете со
еднаков притисок одн. иста брзина по материјалот. По
завршување на работниот процес исклучете го
електричниот апарат.
Доколку се заглави листот за пилата, веднаш исклучете го
електричниот апарат. Раширете го процепот што сте го
направиле при сечењето со соодветен алат и извлечете го
електричниот апарат.
OBJ_BUCH-819-003.book Page 117 Monday, January 20, 2014 9:23 AM

Содержание

Похожие устройства

Скачать