Bosch IXO Collection - угловая насадка [164/256] Монтажа

Bosch IXO Collection - угловая насадка [164/256] Монтажа
1 609 92A 0P4 | (19.8.14) Bosch Power Tools
164 | Македонски
Монтажа
Пред било каква интервенција на електричниот апарат (на пр.
одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и
складирање, прекинувачот за правец на вртење ставете го во
средна позиција. При невнимателно ракување со прекинувачот за
вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
Полнење на батеријата (види слика A)
Не користете друг полнач. Испорачаниот полнач е прилагоден на
вградената литиум-јонска батерија во вашиот електричен апарат.
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја
мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка
на полначот. Полначите означени со 230 волти исто така може да се
користат и на 220 волти.
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За да ја
наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на
полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се
намали нивниот рок на употреба. Прекинот при полнењето не и
наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од целосно празнење. Доколку се
испразни батеријата, електричниот апарат ќе се исклучи со помош на
заштитниот прекинувач: Алатот за вметнување не се движи повеќе и се
слуша тивок свиреж.
По автоматското исклучување на електричниот апарат, не
притискајте на прекинувачот за вклучување/исклучување.
Батеријата може да се оштети.
Доколку приказот за наполнетост на батеријата 5 при полу-притиснат
прекинувач за вклучување/исклучување свети 8 црвено, батеријата
има помалку од 30% од нејзиниот капацитет и треба да се наполни.
Процесот на полнење започнува, штом ќе го вклучите струјниот
приклучок на полначот во ѕидната дозна и ќе го ставите батерискиот
одвртувач во полначот 12 .
Приказот за наполнетост на батеријата 5 го покажува напредокот на
полнењето. За време на процесот на полнење приказот свети зелено.
OBJ_DOKU-27183-005.fm Page 164 Tuesday, August 19, 2014 11:12 AM

Содержание

Похожие устройства

Скачать