Bosch GDS 18V-1050 H 06019J8522 [197/277] Совети при работењето

Bosch GDS 18V-1050 H 06019J8522 [197/277] Совети при работењето
Македонски | 197
Прикажување на
состојбата на електричниот
алат(11)
Значење/Причина Решение
Жолто Достигната е критичната температура или
батеријата е речиси празна
Оставете го електричниот алат да работи во
празен од и да се олади или наскоро
заменете ја одн. наполнете ја батеријата
Свети црвено Електричниот алат е прегреан или
батеријата е празна
Оставете да се олади електричниот алат или
заменете ја одн. наполнете ја батеријата
Трепка сино Електричниот алат е поврзан со мобилен
уред или поставките се пренесуваат
Претходно избирање на број на вртежи
Со копчето за претходно избирање на број на
вртежи(16) може претходно да го изберете потребниот
број на вртежи во 3 степени. Притискајте го копчето(16),
додека саканата поставка сигнализира на приказот за
број на вртежи(17). Избраната поставка е зачувана.
GDS 18V-1000C / GDS 18V-1000PC /
GDS 18V-1050HC:
Може претходно да го изберете бројот на вртежи преку
апликацијата Bosch Toolbox.
Неопходниот број на вртежи зависи од материјалот и
работните услови и може да се одреди при практична
примена.
Податоците во приложената табела се препорачани
вредности.
Основна поставка за број
на вртежи при степен
1 2 3
[min
–1
] [min
–1
] [min
–1
]
Број на степени на вртежи
3
0–800 0–1 200 0–1 750
Со копчето за претходно избирање на број на
вртежи(16) може да го изберете потребниот број на
вртежи и за време на работата.
Вклучување на работното светло
GDS 18V-1000 / GDS 18V-1050H:
За вклучување одн. исклучување на работното
светло(15) притиснете го копчето за работно
светло(13).
u Не гледајте директно во него, може да ве заслепи.
Изберете режим на работење
GDS 18V-1000C / GDS 18V-1000PC /
GDS 18V-1050HC:
Електричниот алат располага со 2 претходно дефинирани
работни режима A и B(12). Работните режими може
дополнително преку апликацијата Bosch Toolbox под A и
B (12) да ги програмирате за различни примени и
постоечките режими да ги прилагодите.
За да менувате помеѓу работните режими A и B(12),
притиснете го копчето (14).
Совети при работењето
u Електричниот алат ставете го на навртката/
завртката само доколку е исклучен. Доколку алатите
што се вметнуваат се вклучени и се вртат, тие може да
се превртат.
u Електричниот алат со активиран Bluetooth
®
Low
Energy Module GCY 30-4 (опрема) е опремен со
радио-интерфејс. Треба да се внимава на
локалните оперативни ограничувања, напр. во
авиони или во болници.
Вртежниот момент зависи од времетраењето на ударот.
Максималниот постигнат вртежен момент е резултат од
збирот на сите поединечни вртежни моменти постигнати
со удари. Максималниот вртежен момент се постигнува
по времетраење на удар од 6–10 секунди. По овој
период, затезниот вртежен момент се зголемува
минимално.
Времетраењето на ударот треба да се одреди за секој
потребен затезен вртежен момент. Постигнатиот затезен
вртежен момент, треба постојано да се проверува со
вртежен момент клуч.
Завртувања во цврсто лежиште, лежиште со пружина
или меко лежиште
Доколку има обид да се измерат постигнатите удари во
последователни удари и да се пренесат во дијаграм, ќе се
добие крива на текот на вртежни моменти. Висината на
кривата одговара на максималниот постигнат вртежен
момент, а косината покажува кога е постигнат.
Еден вртежен момент зависи од следните фактори:
Цврстината на завртките/навртките
Видот на подлогата (диск, подлошка, дихтунг)
Цврстина на материјалот што се навртува
Подмачканост на завртките
Зависно од горенаведените фактори, постојат следниве
видови на примена:
Цврсто лежиште при навртување метал на метал со
користење на подлошки. Максималниот вртежен
момент се постигнува по релативно кратко време на
удар (кос тек на линијата). Непотребното долго време
на удари ѝ штети на машината.
Лежиште со пружина при навртување метал на метал,
при користење на прстенести пружини, подлошки,
болцни или завртки/навртки со конусно лежиште, како
и при користење на продолжетоци.
Bosch Power Tools 1 609 92A 5N5 | (06.08.2020)

Содержание

Похожие устройства

Скачать