Bosch pll 2 — упутство за калибрацију мерног уреда и дигиталне либеле [120/186]

Превью страниц Страница 120 / 186
Bosch pll 2 set [120/186] Совети при работењето
120 | Македонски
1 618 C00 93H | (23.1.14) Bosch Power Tools
Центрирање со целна табла (види слика G)
За да се овозможи совпаѓање на аголот на нагиб на екранот со
проектираната ласерска линија на ѕидот, мерниот уред мора да се
калибрира со целната табла. Поставете ја целната табла на ѕидот.
Изберете го режимот на вкрстени линии или вертикалниот режим на
начинот на работа автоматика на нивелирање. Осигурете се дека
ласерската линија поминува низ горната и долната црвена ознака на
целната табла. Изберете еден режим од начинот на работа функција
на нагиб со приказ на аголот и проектирајте ја ласерската линија во
саканиот агол на ѕидот. Притоа не го навалувајте мерниот уред повеќе
од 10 ° нанапред (во правец на ласерот) или наназад (во правец на
екранот). Инаку може да опадне точноста при мерењето.
Дигитална либела
Мерниот уред ги контролира хоризонталите или вертикалите како
васер-вага. Не се проектираат ласерски линии.
Страната на излезниот отвор на ласерот притоа служи како
референтен раб. За мерење на аголот, центрирајте го овој
референтен раб на хоризонтално или вертикално ниво што треба да
се измери. Притоа не го навалувајте мерниот уред повеќе од 5 °
нанапред (во правец на ласерот) или наназад (во правец на екранот).
Инаку може да опадне точноста при мерењето.
Совети при работењето
Калибрацијата на мерачот на нагиби без ласерски линии (на пр.
пред првата употреба, по транспортот или големи осцилации во
температурата):
Поставете го мерниот уред на една рамна маса, со нагиб помал од 5 °.
Изберете го режимот дигитална либела. Држете го притиснато
копчето за калибрација „Cal“ 3, додека не се појават знаци за
штиклирање на екранот f и ознаката CA1 е трајно прикажана. Свртете
го мерниот уред во рок од 15 секунди за 180 ° и одново притиснете го
копчето „Cal“ 3, додека CA2 не почне да трепка на екранот.
Калибрацијата е завршена, откако на екранот ќе се појави знакот за
штиклирање f и ознаката CA2 е трајно прикажана.
OBJ_BUCH-2142-003.book Page 120 Thursday, January 23, 2014 11:27 AM

Содержание

289

Сазнајте како правилно калибрирати мерни уред и дигиталну либелу за прецизно мерење углова и нивоа. Пратите кораке за оптималну тачност.