Gorenje JC150FW [48/54] Внимание

Gorenje JC150FW [48/54] Внимание
48
на апаратот и доколку ги сфаќаат
можните опасности.
Не дозволувајте децата да си
играат со апаратот.
Доколку ја напуштате просторијата
во која е сместен апаратот,
исклучете го од струја.
Ако на филтерот забележите
пукнатини или е тој на кој било
начин оштетен, престанете со
употреба на апаратот и обратете
се до најблискиот овластен сервис
на Gorenje.
За време работење на апаратот не
посегнувајте со прсти или со некој
предмет во просторот за полнење.
За тоа можете да го употребувате
само потискувачот.
Соковникот тежи 3,5 kg, при
поместување или пренесување
користите ги двете раце.
Не мијте го апаратот со вода
потопла од 80 °C.
Внимание: Апаратот е наменет
исклучиво за лична употреба во
домаќинството.
Не користете резервни делови од
други производители, освен
доколку тоа не е изречно
препорачано од страна на Горење.
Во случај на такви, неоригинални
приклучоци или придружни делови,
гаранцијата не е важечка.
Пред да го вклучите апаратот,
проверете дели компонентите се
прописно инсталирани.
Употребувајте го апаратот само
доколку капакот е правилно ставен.
Не отворајте го капакот додека
апаратот работи.
Моторот мора да е сув додека
апаратот работи.
Максималното време на работа е
10 минути. Кога ќе се постигне
максималното време на работа,
апаратот мора да се остави да се
олади барем 15 минути пред
следната употреба.
Секогаш исклучувајте го апаратот
од струја по употребата.
Овој апарат е означен во согласност со
Европската директива 2012/19/EC за
електричен и електронски отпад - WEEE. Во
директивата се наведени обврските за
собирање и одлагање на електричен и
електронски отпад, кои се важечки на
целата територија на Европската Унија.
Пред употреба:
Измијте ги сите делови кои можат да се
отстранат (погледнете во заглавие “Чистење”).
На долната страна од садот за сок се наоѓа
гумен затворач. Пред употреба на соковникот
потребно е затворачот да се постави како што
е прикажано на сликата.

Содержание

Скачать