Gorenje SVC216FS 728268 [21/78] Внимание

Gorenje SVC216FS 728268 [21/78] Внимание
21
Овој апарат можат да го користат деца
кои веќе наполниле 8 години, лица со
намалени физички, сетилни или
ментални способности како и лица кои
немаат доволно искуство и знаење ако се
под надзор или биле обучени како да го
користат апаратот на безбеден начин и ги
разбрале опасностите кои можат да се
појават. Децата мора постојано да се под
надзор за да се осигурате дека тие не си
играат со апаратот.
Чистењето и корисничкото одржувањето
не треба да го изведуваат деца кои не
наполниле 8 години и кои не се под
надзор.
Ниво на бучава: Lc < 78 dB (A)
Оваа опрема е обележана согласно европската
насока 2012/19/EU за отпадна електрична и
електронска опрема (waste electrical and electronic
equipment - WEEE). Насоката ги определува
барањата за собирање и постапување со
отпадната електрична и електронска опрема, кои
важат во целата Европска унија.
Опасност
Апаратот или делот за напојување (или
адаптерот) не го потопувајте во вода или
друга течност и не го плакнете под млаз
вода.
Специјални предупредувања
Пред да го вклучите апаратот, односно
ногарката со делот за напојување во
струја, проверете дали наведениот напон,
одговара со напонот на локалната
електрична мрежа.
Не користете оштетена правосмукалка или
оштетен дел за напојување ли адаптер -
во зависност од вашиот модел на
правосмукалка).
Ако делот за напојување (или адаптерот) е
оштетен, за да ја избегнете опасноста,
заменете го само со оригинален дел.
Во адаптерот е вграден трансформатор.
Отстранување или замена на адаптерот со
друг не е дозволено, бидејќи може да
дојде до опасна ситуација.
Никогаш не ја употребувајте
правосмукалката без филтри.
Правосмукалката користете ја само за
домашна употреба и во внатрешни
простории.
Внимание
Пред чистење на ногарката, односно делот
за напојување, исклучете го од штекер.
Правосмукалката полнете ја само со
приложените адаптери и делот за
напојување. Адаптерот се грее за време на
полнењето. Тоа е сосема вообичаено (во
зависност од вашиот модел, ако адаптерот
воопшто вклучува)
По употреба исклучете ја
правосмукалката.
За време на вшмукувањето отворите за
одвод на воздух не смеат да бидат
блокирани.
За време на полнење исклучете го
апаратот.
Правосмукалката не ја употребувајте без
поставен филтер.
Пред прва употреба
Од апаратот отстранете ја целата заштитна
фолија или пластика.
Составување на
правосмукалката
Прво, склопете го сталакот и вклучете го
адаптерот со струјниот кабел како што е
покажано на сликата подолу.
Потоа, наместете ја електричната турбо
четка во куќиштето на правосмукалката и
подигнете ја рачката на правосмукалката
како што е покажано на сликата подолу.

Содержание

Похожие устройства

Скачать