Bosch GSS 230 AVE 601292802 [131/176] Употреба

Bosch GSS 230 AVE 601292802 [131/176] Употреба
Македонски | 131
Bosch Power Tools 2 609 932 911 | (3.12.13)
Напомена: За да избегнете кинење на брусниот лист,
користете само брусни листови со гранулација од 80.
Менување на основната брусна плоча (види
слика F)
Основната брусна плоча 10 може да се замени по потреба.
Целосно отшрафете ги 6-те шрафови 16 и извадете ја
основната брусна плоча 10. Поставете ја новата основна
брусна плоча 10 и повторно затегнете ги шрафовите.
Специјални основни брусни плочи
Испорачаната основна брусна плоча 10 може да ја
замените со специјална основна брусна плоча која е дел
од опремата.
Монтажата на специјалната основна брусна плоча се врши
на начинот како што се менува испорачаната основна
брусна плоча.
Поставувањето и вадењето на односниот брусен лист се
врши на начинот како што се менува оригиналниот брусен
лист.
Правоаголна, тенка, продолжена основна брусна
плоча (види слика G)
Користењето на правоаголна, тенка, продолжена брусна
плоча 17 ви овозможува брусење на тешко достапни
места и тесни меѓупростори, како на пр. ламели за
прозори и врати, жлебови или просторот зад радијаторите
и цевките за вода.
За да ја монтирате правоаголната, тенка, продолжена
основна брусна плоча 17 користете ги соодветните
шрафови 19.
Триаголна продолжена основна брусна плоча
(види слика H)
Користењето на триаголната, продолжена основна брусна
плоча 21 овозможува брусење во агли и на рабови.
Фина брусна плоча (без велкро лепенка)
(види ги сликите A и B)
Доколку претежно користите стандардни брусни листови
без велкро лепенка, се препорачува употреба на фина
брусна плоча без велкро лепенка. Со рамната површина
на основната брусна плоча се постигнуваат оптимални
резултати од брусењето, особено при фино брусење.
Дополнителна дршка
Дополнителната дршка 1 овозможува удобно ракување и
оптимална распределба на јачината, пред сè при
отстранување на голема количина материјал при
брусење.
Прицврстете ја дополнителната дршка 1 со шрафот 2 на
куќиштето.
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 волти исто така може да се користат и на
220 волти.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот апарат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
4 и држете го притиснат.
За Фиксирање на притиснатиот прекинувач за
вклучување/исклучување 4 притиснете го копчето за
фиксирање 5.
За да го исклучите електричниот апарат, ослободете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 4 одн. доколку
тој е блокиран со копчето за фиксирање 5, кратко
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
4 и потоа ослободете го.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Претходно избирање на број на осцилации
Со копчето за подесување на бројот на осцилации 3 може
да го изберете потребниот бро
ј на вртежи и за време на
користењето на апаратот.
Неопходниот број на осцилации зависи од материјалот и
работните услови и може да се одреди при практична
примена.
Совети при работењето
Почекајте додека електричниот апарат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Капацитетот на отстранување при брусење, во главно, се
одредува со изборот на брусен лист како и претходно
избраниот број на осцилации.
Само беспрекорните брусни листови може да придонесат
за добар капацитет на брусење и одржување на
електричниот апарат.
Внимавајте на рамномерноста на притисокот, за да го
зголемите рокот на употреба на алатот што се бруси.
Прекумерното зголемување на притисокот врз
површината не води кон зголемен капацитет на брусење,
40 320
За обработка на обоени/
лакирани слоеви одн.
подлоги, како маса за
полнење и шпахтел маса
За брусење на боја грубо 40, 60
За брусење на основната боја средно 80, 100, 120
За крајно брусење на
основната боја пред лакирање
фино 180, 240, 320
Гранулација
OBJ_BUCH-1665-002.book Page 131 Tuesday, December 3, 2013 1:12 PM

Содержание

Похожие устройства

Скачать