Bosch GLI Deci LED (06014A0000) [168/224] Употреба

Bosch GLI Deci LED (06014A0000) [168/224] Употреба
168 | Македонски
1 609 92A 0GE | (6.3.14) Bosch Power Tools
Литиум-јонската батерија е заштитена со „Електронска заштита на ќелиите (ECP)“
од длабинско празнење. Доколку батеријата е испразнета, батериските светилки
се исклучуваат со заштитен прекинувач.
По автоматското исклучување на батериската светилка, не притискајте
на прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
За да ја извадите батеријата 2 притиснете на копчето за отклучување 3 и
извлечете ја батеријата од батериската светилка. Притоа не употребувајте
сила.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Употреба
Ставање во употреба
Вметнување на батерија
Ставете ја наполнетата батерија 2 во главата на светилката 1, додека не се вклопи
правилно.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на батериската светилка, притиснете го прекинувачот
за вклучување/исклучување 9.
За да ја исклучите, батериската светилка, одново притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување 9.
За да заштедите енергија, вклучувајте ја батериската светилка само доколку ја
користите.
Подесување на осветленоста
Кратко притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување 9, за да ја
вклучите батериската светилка со максимална осветленост. За подесување на
осветленоста во 2 степени, држете го притиснат прекинувачот за
вклучување/исклучување 9, додека не се постигне саканата осветленост.
Заштита од преоптоварување во зависност од температурата
При пречекорување на дозволената температура на разладните тела 50 °C,
батериската светилка се исклучува. Оставете ја батериската светилка да се олади
и повторно вклучете ја.
OBJ_BUCH-2104-002.book Page 168 Thursday, March 6, 2014 1:22 PM

Содержание

Похожие устройства

Скачать