Makita PJ7000 [32/60] Опис на функциите

Makita PJ7000 [32/60] Опис на функциите
32
17. Не оставајте го алатот вклучен без надзор.
18. Пред да извршувате какво било
прилагодување или замена на сечилото на
алатот, уверете се дека е исклучен и
откачен од струја.
19. Некои материјали содржат хемикалии што
можат да бидат отровни. Избегнувајте
вдишување на прашината и избегнувајте
контакт на прашината со кожата. Следете
ги
упатствата од производителот на
материјалот.
20. Не користете истапени или оштетени
сечила.
21. Не користете го алатот со оштетени
штитници.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ удобноста или
запознаеноста со производот (стекната со
подолга употреба) да ве наведе да не се
придржувате строго до безбедносните правила
за односниот производ. ЗЛОУПОТРЕБАТА или
непочитувањето на безбедносните правила
наведени во ова упатство може да предизвикаат
тешки телесни повреди.
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое дотерување или проверка на алатот
проверете дали е исклучен и откачен од струја.
Прилагодување на длабочината на
жлебовите
Слика1
Можат однапред да се постават 6 длабочини на жлеб во
согласност со големината на бисквитот што ќе се користи.
На долната табела, дадени се соодносите помеѓу
големините означени на запирачот и големината на
бисквитот. Фино прилагодување на длабочината на
жлебовите може да се врши преку вртење на
завртката за прилагодување откако ќе ја олабавите
шестоаголната навртка. Тоа може да биде потребно
по острење на сечилото неколку пати.
Големина на запирачот
0 10 20 С D МАКС.
Големина на бисквит
01020
---
Длабочина на
жлеб
8 мм 10 мм 12,3 мм 14,7 мм13 мм 20 мм
*
* со извадени гумени крампони.
012681
Аголен насочник
Височината на аголниот насочник може да се поместува
нагоре и надолу за да се прилагоди положбата на
сечилото во однос на горниот дел на работниот материјал.
Слика2
За да ја прилагодите височината на аголниот
насочник, олабавете ја рачката за блокирање вртејќи
ја надолу и вртете го тркалцето додека покажувачот
не покаже на саканата поделка на скалата означена
на аголниот насочник.
Слика3
Потоа, стегнете ја рачката за блокирање за да го
прицврстите аголниот насочник.
Скалата на аголниот насочник го покажува растојанието
од горната страна на работниот материјал до центарот
на дебелината на сечилото.
Аголниот насочник може да се извади од граничникот во
согласност со потребите за вашата работа. За да го
извадите аголниот насочник, олабавете ја рачката за
блокирање и вртете го тркалцето надесно додека
не
излезе од горниот крај на граничникот.
Граничник
НАПОМЕНА:
Извадете го аголниот насочник во согласност со
потребите за вашата работа кога го користите
алатот со аголот на граничникот прилагоден на
агол поинаков од 0 . Кога имате потреба да го
користите аголниот насочник под горенаведениот
услов, прилагодете ја длабочината на жлебовите
така што да ја добиете соодветната длабочина.

Содержание

Похожие устройства

Скачать