Bosch PFS 5000 E 603207200 [229/298] Одржување и сервис

Bosch PFS 5000 E 603207200 [229/298] Одржување и сервис
Македонски | 229
Bosch Power Tools 1 609 92A 164 | (21.4.15)
Апликацијата овозможува бесстепено регулирање на
количината на воздух и притисокот.
Прејака магла од боја:
Количината на воздух мора да се намали.
–Свртете ја регулацијата на количината на воздух 25 на
лево.
Премногу грубо распрскување:
Количината на воздух мора да се зголеми.
–Свртете ја регулацијата на количината на воздух 25 на
десно.
Навлажнување на тапети
За едноставно отстранување на старите тапети, истите
можете да ги попрскате со топла вода (макс. 55 °C).
За ова користете го сивиот додаток со млазница 11.
Работни паузи и транспорт (види слики KL)
За едноставен транспорт на системот за фино
распрскување, на основната единица има рачка за
носење 23.
На доланата страна од основната единица 22 има валјаци.
За време на работењето, може да ја повлечете накај себе
основната единица на цревото за вентилација 20.
Во паузите при работата, пиштолот за прскање 1 може да
го оставите на рамна работна површина. Не смее да
истекува материјал за прскање.
Пиштолите наполнети со материјал за прскање
секогаш поставувајте ги исправени на рамна
површина. Доколку го легнете пиштолот, од него може
да истече материјал за прскање.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
По секоја употреба, темелно исчистете ги
поединечните делови на системот за фино прскање,
особено компонентите што спроведуваат боја.
Правилното чистење е предуслов за беспрекорна и
безбедна работа на пиштолите за прскање. При
недостиг или нестручно чистење нема да се презема
право на гаранција.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш
набавете го од Bosch или специјализирана продавница за
Bosch-електрични апарати, за да го избегнете
загрозувањето на безбедноста.
Чистење (види слика M)
Пиштолите за прскање и резервоарот за материјалот за
прскање секогаш чистете ги со соодветното средство за
разредување (раствор или вода) за користениот
материјал за прскање.
Никогаш не ги чистете млазниците и отворите за воздух на
пиштолот за прскање со остри предмети.
Исклучете ја основната единица
22.
Од основната единица 22 како и од пиштолот за
прскање 1 извадете го цревото за вентилација 20 (со
четвртина вртење на бајонет-завртката 21 во правец
спротивен на стрелките на часовникот; извлечете ја
бајонет-завртката 21 од приклучокот 9/26).
Доколку е потребно, исчистете ја основната единица со
крпа натопена со средство за разредување, потоа
тргнете ги настрана основната единица 22 и цревото за
вентилација 20 од непосредното место на чистење.
Притиснете го контролниот прекинувач 5 на пиштолот
за прскање, за да може материјалот за прскање да се
врати во резервоарот.
–Отшрафете го резервоарот 7 и испразнете го
преостанатиот материјал за прскање назад во
амбалажата со оригинален м
атеријал за прскање.
Наполнете го резервоарот 7 до половината со средство
за разредување (раствор или вода) и повторно
прицврстете го на пиштолот за прскање 1.
Протресете го пиштолот за прскање повеќе пати.
–Отшрафете го резервоарот 7 и целосно испразнете го
во празна лименка.
Демонтирајте ја преклопната навртка 3, капачето за
вентилација 2, искористеното капаче со млазница
10/11/12и цевката за вшмукување 17 со дихтунгот за
резервоарот 16.
Во една кофа со средство за разредување исчистете ги
сите делови што спроведуваат боја со една четка за
чистење 28 или вообичаена четка за миење.
Исч
истете го и каналот за боја 19 на пиштолот за
прскање 1.
Проверете дали во цевката за вшмукување 17 со
дихтунгот на резервоарот 16 има материјал за прскање
и дали е оштетена.
По потреба, исчистете го дихтунгот на резервоарот 16
уште еднаш со средство за разредување.
Исчистете го отворот за проветрување 18 со четка за
чистење 28.
Исчистете го резервоарот и пиштолот за прскање
однадвор со крпа натопена во средство за
разредување.
По потреба, темелно исчистете го ситото за полнење 13
со средство за разредување.
Пред да ги вградите деловите, оставете ги целосно да се
исушат.
Монтирајте го системот за фино распрскување по
обратен редослед.
Дихтунгот на резервоарот 16 притиснете го нагоре во
жлебот на цевката за вшмукување
17.
Осигурете се дека дихтунгот на резервоарот е
правилно позициониран во жлебот на цевката за
вшмукување, за да се заптијат добро пиштолите за
прскање.
Цевката за вшмукување 17 ставете ја повторно до крај
во каналот за боја 19.
OBJ_BUCH-2026-004.book Page 229 Tuesday, April 21, 2015 5:03 PM

Содержание

Похожие устройства

Скачать