Bosch AQT 37-13 C Plus (0.600.8A7.201) [191/278] Отстранување грешки

Bosch AQT 37-13 C Plus (0.600.8A7.201) [191/278] Отстранување грешки
Македонски | 191
Bosch Power Tools F 016 L81 441 | (22.9.16)
Свртете го главниот прекинувач. Насочете го пиштолот
надолу. Притиснете го безбедносниот откочувач за да го
ослободите чкрапалото. Притиснете го чкрапалото до
крај.
Аутостоп функција
Моторот на уредот автоматски се исклучува кога се
отпушта чкрапалото.
Совети при работењето
Општи упатства
Осигурајте се дека притисната пералка е на ниво со подот.
Не тегнете го високопритисното црево и не влечете ја
високопритисната пералка за цревото. Во таков случај
пералката не е стабилна и може да се преврти.
Не газете го високопритсното црево и не возете преку
него. Заштитете го високопритисното црево од оштри агли
и рабови.
Не користете ротациони млазници за миење на
автомобил.
Предупредување! Мијалките за тераси се погодни само
за чистење равни површини! Не користете ги за скали и
вертикални површини. Никогаш не допирајте ја
ротирачката млазница додека работи!
Совети за работа со детергенти
Користете само детергенти соодветни за употреба
со високопритисни пералки.
Препорачуваме штедлива употреба на детергент, со цел
на заштита на животната средина. Прочитајте го
упатството за растворање на детергентот.
Препорачан начин на чистење
Чекор 1: Олабавување на нечистотијата
Користете ја високопритисната млазница за пена, или
позицијата за пена на млазницата 3 во 1 штедливо
додавајќи детергент.
Чекор 2: Отстранување на нечистотијата
Испрскајте ја олабавената нечистотија со јак млаз.
Напомена: Чистете оддолу нагоре. Плакнете одгоре
надолу.
Користење на алтернативни извори на вода
Оваа високопритисна пералка е самостоечка и дава
можност за црпење вода од резервари и извори. Многу е
ВАЖНО Бош филтерот да е исчистен и да се употребува
само чиста вода.
Отворени резервари и природни извори
Употребувајте го додатокот за самостојно дозирање, кој се
состои од:
Влезна цедилка со неповратен вентил
–3м ојачано црево
Универзална спојка за чистење под притисок
Со овој додаток високопритисната пералка може да
исфрла вода 0,5 m над нивото на водата. Ова може да трае
15 секунди.
Целосно потопете го трометражното црево во вода за да
излезе од него сиот воздух. Поврзете го трометражното
црево со високопритисната пералка и осигурајте се дека
влезната цедалка останува во вода.
Оставете ја високопритисната пералка да работи без
пиштолот за пркање, додека од цревото не потече
рамномерен млаз вода. Ако таков млаз не се постигне за
25 секунди, престанете и проверете ги сите спојки. Ако
водата истекува, згаснете ја високопритисната пералка и
монтирајте го пиштолот и копјето.
Важно е цревото и спојките да се квалитетни, во добра
состо
јба, цврсто и правилно монтирани. Неприцврстените
спојки можат да предизвикаат лошо функционирање.
Резервари со чешми
Ако високопритисната пералка се поврзува со
резервоарот преку чешма, прво монтирајте го
соодветното црево на чешмата од резерварот (не е
приложено). Отворете ја чешмата, пуштете да излезе
целиот воздух од цревото, па потоа поврзете го цревото во
високопритисната пералка.
Отстранување грешки
Проблем Можна причина Решение
Моторот не се вклучува Уредот не е вклучен на струја Вклучете го уредот на струја
Утикачот е неисправен Користете друг утикач
Прегорен осигурувачЗаменете го осигурувачот
Продолжниот кабел е оштетен Пробајте без продолжен кабел
Активирана е заштитата на моторот
од прегревање
Оставете го моторот да се лади 15 минути
Замрзнување Пуштете да се одмрзнат пумпата, доводното
црево и останатите делови.
OBJ_BUCH-1953-009.book Page 191 Thursday, September 22, 2016 12:11 PM

Содержание

Похожие устройства

Скачать