Makita DUH651Z [44/80] Опис на функциите

Makita DUH551Z (без АКБ и ЗУ) [44/80] Опис на функциите
44
Краткиот спој на батеријата може да
предизвика голем проток на електрична
енергија, презагревање, можни изгореници
и дури и пад на напојувањето.
6. Не складирајте ги алатот и батеријата на
места каде температурата може да
достигне или надминува 50 C (122 F).
7. Не спалувајте ја батеријата дури и кога е
многу оштетена или
целосно потрошена.
Батеријата може да експлодира ако се
стави во оган.
8. Внимавајте да не ја испуштите или удрите
батеријата.
9. Не користете оштетена батерија.
10. Почитувајте ги локалните законски прописи
што се однесуваат на фрлање во отпад на
батеријата.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
Совети за одржување максимален работен
век на батеријата
1. Заменете ја батеријата пред целосно да се
испразни.
Секогаш запирајте ја работата со алатот и
заменете ја батеријата кога ќе забележите
дека алатот дава помала моќност.
2. Никогаш немојте да полните целосно полна
батерија.
Прекумерното полнење го скратува
работниот век на батеријата.
3. Полнете ја батеријата на собна
температура од 10 C - 40
C (50 F - 104
F). Дозволете загреаната батерија да се
олади пред да ја ставите на полнење.
4. Полнете ја батеријата еднаш секои шест
месеци ако не ја користите подолг
временски период.
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое прилагодување или проверка на
алатот, проверувајте дали е исклучен и
батеријата е извадена.
Монтирање или отстранување на
батеријата
Слика1
ВНИМАНИЕ:
Секогаш исклучувајте го алатот пред ставањето
или вадењето на батеријата.
Држете ги алатот и батеријата цврсто кога ја
монтирате или отстранувате батеријата.
Доколку не ги држите цврсто алатот и
батеријата, тоа може да доведе до нивно
лизнување од вашите раце и да резултира со
оштетување на алатот и на батеријата, како и
со телесни повреди.
За да ја извадите батеријата,
повлечете ја од алатот
додека го лизгате копчето на предната страна на
батеријата.
За да ја монтирате батеријата, порамнете го јазичето
на батеријата со жлебот во куќиштето и турнете ја да
застане во место. Вметнете ја до крај додека не се
заклучи во место при што ќе се слушне мало
кликнување
. Ако можете да го видите црвениот
индикатор на горната страна од копчето, тоа значи
дека не е заклучена целосно во место.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш монтирајте ја батеријата целосно
додека црвениот индикатор не се изгасне. Во
спротивно, може случајно да испадне од алатот,
со тоа предизвикувајќи повреда вам или
некому околу вас.
Немојте да ја монтирате батеријата на сила.
Ако батеријата не може да се лизне лесно, тоа
значи дека не е поставена правилно.
НАПОМЕНА:
Алатот не работи само со една батерија.
Систем за заштита на алатот/батеријата
Алатот е опремен со систем за заштита на
алатот/батеријата. Овој систем автоматски го
прекинува напојувањето на моторот за да го
продолжи работниот век на алатот и на батеријата.
Алатот автоматски ќе застане за време на
работењето ако алатот или батеријата се поставени
под еден од следниве услови: Во некои услови
,
индикаторите ќе се вклучат.
Заштита од преоптоварување
Кога со алатот се работи на начин што предизвикува
да повлекува прекумерно висока струја, алатот
автоматски се исклучува без никаква индикација. Во
таква ситуација, исклучете го алатот и запрете со

Содержание

Похожие устройства

Скачать