Makita DUH651Z [47/80] Вадење или монтирање на сечилото за ножица

Makita DUH551Z (без АКБ и ЗУ) [47/80] Вадење или монтирање на сечилото за ножица
47
ВНИМАНИЕ:
Не мијте ги сечилата со вода. Во спротивно, може
да дојде до кородирање или оштетување на алатот.
Вадење или монтирање на сечилото за
ножица
ВНИМАНИЕ:
Пред вадење или монтирање на сечилото на
ножицата, секогаш осигурувајте алатот да е
исклучен и батеријата да е извадена.
Секогаш кога го заменувате сечилото за
стрижење, носете ракавици без да го вадите
капакот за сечилото така што рацете и лицето
да не дојдат во директен допир со сечилото. Во
спротивно може да дојде до телесна повреда.
НАПОМЕНА:
Не бришете ја маста од запчаникот и курблата.
Во спротивно, може да дојде до оштетување на
алатот.
За специфични начини за вадење и монтирање
сечила за стрижење, погледнете на задната
страна од пакувањето на сечилата за стрижење.
Вадење на сечилата за ножица
Превртете го алатот наопаку и олабавете ги
четирите завртки.
Слика18
НАПОМЕНА:
Внимавајте да не ги извалкате вашите раце
додека се нанесува маст во подвижната област
на сечилото за ножица.
Извадете го долниот капак.
Слика19
Извадете ја плочата.
Слика20
Поставете ја курблата под агол како што е покажано
на сликата со насадниот одвртувач.
Слика21
Извадете ги двете завртки од сечилата за ножица и
уредот на сечилото за ножица ќе излезе.
Слика22
ВНИМАНИЕ:
Вратете го преносниот систем во почетна
положба на начин на којшто бил монтиран ако
треба да се извади заради грешка.
Монтирање на сечилата на ножицата
Подгответе ги четирите извадени завртки (за
долната основа), двете завртки (за сечилото на
ножицата), плочата, долната основа и новите сечила
на ножицата.
Прилагодете ја положбата на
курблата како што е
покажано на сликата. Во овој момент, нанесете
малку маст испорачана со новите сечила за ножица
на периферијата од курблата.
Слика23
Преклопете го кружното дупче во горното сечило со
тоа во долното.
Слика24
Извадете го капакот за сечило од старите сечила за
стрижење и поставете го на
новите за полесно
ракување за време на замената на сечилата.
Слика25
Поставете ги новите сечила за ножица на алатот
така што кружните дупчиња во сечилата за ножица
да навлезат во курблата. Поклопете ги дупчињата во
сечилата за ножица со дупчињата за завртки во
алатот и потоа прицврстете ги со две завртки
.
Слика26
Проверете дали курблата врти лесно со помош на
насадниот одвртувач.
Слика27
Монтирајте ги плочата и долната основа на алатот.
Цврсто стегнете ја завртката.
НАПОМЕНА:
Не постои разлика помеѓу горната и долната
страна на плочата.
Извадете го капакот за сечилото и потоа вклучете го
алатот за да проверите дали се движи правилно.
НАПОМЕНА:
Кога сечилата за ножица не работат правилно,
тоа значи дека сечилата и курблата не се добро
прицврстени. Одново извршете ја постапката
од почеток.
Замена на јагленските четкички
Слика28
Редовно вадете ги и проверувајте ги јагленските
четкички. Заменете ги кога ќе се истрошат до
граничната ознака. Одржувајте ги четкичките чисти
за да влегуваат во држачите непречено. Двете
јагленски четкички треба да се заменат истовремено.
Користете само идентични јагленски четкички.
Слика29
Вметнете го горниот крај од насадниот одвртувач во
засекот
на алатот и извадете го капачето на држачот
подигнувајќи го нагоре.
Слика30
Извадете ги капачињата на држачите на четкичките
со насадниот одвртувач. Извадете ги истрошените
јагленски четкички, вметнете ги новите и стегнете ги
капачињата на држачите на четкичките.
Преинсталирајте го капакот на држачот на алатот.
Чување
Дупчето за кука на долната страна од капакот на
сечилото е погоден за закачување на алатот на
шајка или завртка на ѕидот.

Содержание

Похожие устройства

Скачать